Папата Фрањо до младите: Христос е лозинката за радосен живот
Читањето на евангелијата, ревносна молитвата и проучувањето на катехизмот со ентузијазам ни помагаат Исусовите очи, чувства и ставови да ги пренесеме во нашите срца и умови.
Папата Фрањо даде позитивна оценка за новото издание на YOUCAT (Катехизам за млади) во писмото упатено до младите, објавено во понеделник, 22 јануари 2024 година во италијанскиот весник La Stampa.
Тој ги поттикна младите да го изучуваат катехизмот на Католичката црква, потсетувајќи ги дека љубовта е вистинската причина зошто сме христијани.
Секој од нас, додаде, е повикан да одговори на Божјата љубов со љубов кон Него, но и кон нашите браќа и сестри.
Радост поради познатството со Исус
Папата Фрањо потсети на енцикликата „Deus caritas est“ на папата Бенедикт XVI и неговото тврдење дека нашиот христијански живот произлегува од средбата со Исус, кој на нашиот живот му дава нов хоризонт и правец.
Во исто време, треба да ја познаваме личноста што ја сакаме за да ја сакаме правилно и да ја направиме позната.
Ова е вистинската радоста на ширењето на евангелието: радоста за пренесувањето на љубовта кон Исус на целиот свет, истакна Папата. Од таква љубов се роди оваа прекрасна книга што ја имате во вашите раце: љубовта кон Исус, која ние верниците ја носиме во нас.
Тој истакна дека YOUCAT (Катехизам за млади) е врз основа на Катехизмот на Католичката црква, објавен во 1992 година, но со стил наменет за младите.
Папата Фрањо ги повика младите читатели да ја засакаат таа книга, бидејќи е плод на љубов. Ќе откриете дека нема друга намера освен да разбуди во вас голема љубов кон Исус. Тоа е нејзината единствена цел, додаде Римскиот епископ.
Што би направил Христос на мое место?
Папата ги повика младите католици да го проучуваат катехизмот со цел да научат повеќе за Исус и подобро да ја разберат неговата порака за љубов и плановите за нашите животи.
Тој истакна дека тајната за одржување на нашиот однос со Исус е да размислуваме во секој момент што би направил Христос на мое место.
Тоа е лозинката за вистински жив и радосен живот: да гледаме и расудуваме што ни се случува со истите очи, чувства и став што ги воплоти Исус, напиша папата Фрањо во неговото писмо до младите.
Христос, заврши Папата, ни ја нуди вистинската лозинка за среќа.
Младост, новост и полнина на животот е она што ви посакувам, драги млади пријатели и на крајот Светиот Отец им го упати својот благослов.