Пребарување

Il Papa riceve presidente Guinea Bissau, 20 minuti colloquio

Папата Фрањо се сретна со претседателот на Република Гвинеја Бисао

Папата Фрањо го прими во аудиенција претседателот на Република Гвинеја Бисао, г-дин Умар Сисок Ембало. Во билатералниот разговор, тие се осврнаа на придонесот на Католичката црква за општото добро во таа земја, особено на областите образование и здравство.

Во понеделник, 29 јануари 2024 година, папата Фрањо во Ватикан го прими претседателот на Република Гвинеја Бисао, г-дин Умар Сисок Ембало.

По средбата со Светиот Отец, претседателот се сретна со државниот секретар на Папата кардинал Пјетро Паролин и со ватиканскиот секретар за односи со држави и меѓународни организации, надбискупот Пол Ричард Галагер.

Канцеларијата за печат на Светиот Престол преку соопштение за медиумите соопшти дека средбите поминале во срдечно расположение и разговор, а биле истакнати добрите односи меѓу Светиот Престол и Гвинеја Бисао.

Во соопштението за печат се наведува и дека Папата и претседателот разговарале за социјалната состојба во Гвинеја Бисао, особено за придонесот на Црквата за општото добро, особено во областа на образованието и здравството.

30 јануари 2024, 10:07