Пребарување

2024.01.11 Membri dell'Istituto Secolare Sacerdoti Missionari della Regalita' di Cristo

Папата: Свештениците треба да им служат на сиромашните

Папата Фрањо на 11 јануари 2024 година ги прими во аудиенција членовите на световниот институт Мисионерски свештеници на Царството Христово, основан пред 70 години од отец Агостино Гемели. По тој повод, на Светиот Отец му беше врачен нацрт на едукативниот центар што се гради во Бурунди; ќе биде посветен на монсињор Мајкл Кортни, Апостолскиот нунциј кој направи многу за национално помирување и кој беше убиен во атентат во 2003 година.

Во својот говор, кој им го предаде, Папата потсети како овој институт ја основал отец Агостино Гемели во 1953 година, пред нешто повеќе од 70 години. Папата ја искористи средбата со мисионерите на тој институт за да ја нагласи вредноста на световноста во свештеничкиот живот и свештеничката служба. Световноста, истакна Папата, не е исто што и лаицизмот. Световноста е димензијата на Црквата која е повикана да биде во служба на Божјото царство и да сведочи за него во овој свет. Посветувањето ја радикализира таа димензија, која очигледно не е единствена, туку е комплементарна на есхатолошката Црквата, секој крстен е во  светот и за светот, но не е од светот, истакна Светиот Отец.

Од тука, ако, световноста е димензија на Црквата, и верниците и клериците се повикани да ја живеат и изразуваат, иако на различни начини. Секој од нас тоа го остварува според сопствената состојба во духот во тајната на воплотението.

Папата ги нарече членовите на Световниот институт на мисионерски свештеници на Царството Христово, кои ги прими во аудиенција на 11 јануари, „апостоли на сочувство и вистина“. Со ова, истакна тој, го потврдувате вашиот завет на апостолство, со уверување дека, соединети со Христа во Светиот Дух, сме апостоли пред сè со нашата љубов кон човештвото и крепостите кои Вториот ватикански собор ги опишува вака: чесност, постојана грижа за правда, верност на дадениот збор, учтивост во односите, разумност, сила на духот, промисленост, чесност (сп. декрет Optatam totius, 11).

Драги браќа, верноста кон овој ваш повик нека ве заштити од две тенденции кои денес се широко распространети меѓу свештениците: самореференцијалност и секуларност. Никој од нас не е целосно имун на тоа. Мора да го препознаеме тоа и да реагираме со Божјата милост, рече на крајот Папата.

12 јануари 2024, 14:36