Пребарување

2020.11.28 Saluto a Papa Benedetto XVI da parte dei nuovi cardinali

Папата Фрањо ги сподели своите сеќавања за папата Бенедикт XVI

„Бенедикт и јас имавме многу добар однос, сакам тоа да се знае и сакам да се знае без посредници. Ова го пишува папата Фрањо во новата книга која ќе биде објавена за неколку месеци.

Папата Фрањо зборуваше за неговиот однос со Бенедикт XVI во интервју со Хавиер Мартинас-Бракал, шпански ватиканист и дописник од Рим за телевизискиот канал ABC. На 3 април 2024 година, интервјуто ќе биде објавено како посебна книга на шпански, со наслов Наследникот. Моите сеќавања за Бенедикт XVI (El sucessor. Mis recuerdos de Benedicto XVI).

На страниците на книгата, Папата раскажува дека пријателството со Бенедикт XVI започнало многу одамна, кога и двајцата биле кардинали за време на долгиот понтификат на Иван Павле II. Споделува многу спомени, вклучувајќи го и денот кога Јозеф Рацингер го објави своето повлекување од Петровиот престол.

„Бенедикт и јас имавме многу добар однос, сакам тоа да се знае и сакам да се знае без посредници. Тој беше човек кој имаше храброст да се повлече и од тој момент продолжи да ја придружува Црквата и неговиот наследник“, вели Светиот Отец.

Папата Фрањо признава дека имал искрени разговори со Бенедикт XVI за различни прашања. „Разговаравме за се, многу слободно. Кога му кажав за какви било тешкотии, тој ми одговори: „Па, треба да ги земете предвид и двете“. Секогаш ја прошируваше перспективата. Тој имаше способност да ја прошири мојата перспектива за да ми помогне да ја донесам вистинската одлука. Никогаш не рече: „Не се согласувам“. Се сеќавам дека наместо тоа рече: „Тоа е добро. Но, има уште еден аспект што треба да се земе предвид...“. Секогаш имаше проширена перспектива...“, вели папата Фрањо.

10 февруари 2024, 11:46