Пребарување

Holy Mass and Canonization of Blessed Maria Antonia of Saint Joseph de Paz y Figueroa

Папата Фрањо ја прогласи за светица аргентинската посветена мирјанка Мама Антула

Папата Фрањо во недела, 11 февруари 2024 година ја прогласи за светица Марија Антонио де Сан Хозе, опишувајќи ја како патничка на духот и пример за апостолска ревност и храброст.

Мама Антула е првата аргентинска светица. Папата Фрањо ја прогласи за светица, кој и самиот е Аргентинец, на свечената света Литургија во базиликата Свети Петар.

Марија Антонија де Сан Хозе де Паз и Фигуероа, позната во нејзината земја и меѓу милиони верници ширум светот како Мама Антула, живеела во Аргентина во 18 век. Во тоа време, Исусовската заедница беше протерана од Аргентина. Марија Антонија, мирјанка, беше одговорна за ширењето на Игнациевската духовност низ целата земја.

На церемонијата присуствуваа околу пет илјади луѓе во базиликата Свети Петар, а меѓу нив беше и новоизбраниот претседател на Аргентина, Хавиер Милеи.

Патничка на духот

Денес мислиме на Марија Антонио де Сан Хозе, Мама Антула, рече Светиот Отец. Таа беше патнничка на Духот. Патувала илјадници километри пеш, низ пустини и опасни патишта, носејќи го со себе Господ.

За нас денес таа е пример за апостолска ревност и храброст, продолжи Папата. Кога Исусовците беа протерани од Аргентина, Духот разгоре во неа мисионерски пламен заснован на промислата.

Да се помолиме денес на Марија Антонија, Света Марија Антонија де Паз де Сан Хозе, да ни помогне на сите.

Канонизација - свечен момент

Литанијата на сите светци свечено одекнаа под куполата на Микеланџело, а потоа Папата ја изговори формулата за канонизација. Ѓаконот ги освети моштите на Мама Антула, а Евангелието беше прочитано на грчки јазик, како што е вообичаено во посебни прилики.

Лепра и маргинализација

Веќе во петокот, Папата ја спомна новата светица и ги истакна нејзините крепости за време на аудиенцијата на група аргентински ходочесници во салата Клементина во Ватикан.

Светиот Отец се осврна и на неделното литургиско Евангелие кое го опишува Исусовото исцелување на лепрозниот. Човекот страдаше не само од лепра, туку пред се од маргинализација, рече Папата.

Страв, предрасуди и лажна религиозност: тоа се трите причини за голема неправда, трите „лепрозни инфекции на душата“ поради кои страдаат слабите затоа што не се третираат соодветно.

Браќа и сестри, продолжи Папата, да не мислиме дека тоа се случувало само во минатото. Колку страдалници среќаваме на тротоарите на нашите градови! И колку стравови, предрасуди и несоодветно однесување има, дури и од оние кои веруваат и се нарекуваат христијани. И во наше време, продолжи Римскиот бискуп, има голема маргинализација, има бариери кои треба да се урнат, има „инфекција на лепра“ која треба да се излечи.

А како се случува таквото исцелување?, ги праша папата Фрањо присутните верници. Не држејќи се на оддалеченост Исус го направи првиот чекор и го допре пациентот – рече папата Фрањо.

Важен ден за Аргентина

Повеќе од 5.000 верници се собраа во базиликата Свети Петар, меѓу кои беа илјадници сонародници на Папата, како и епископи, свештеници и ходочесници од надбискупијата Портиња, каде што некогаш папата Фрањо беше пастир.

Низ цела Аргентина беа организирани бденија, а светата Лтургијата беше пренесувана на огромни екрани на јавните плоштади.

Аргентинскиот претседател Хавиер Милеи во понеделник на 12 февруари ќе има приватна аудиенција со папата Фрањо во Апостолската палата.

11 февруари 2024, 22:21