Папата Фрањо во април ќе го посети Венециското биенале
Дикастеријата за култура и образование во вторник на 13 февруари 2024 година соопшти дека папата Фрањо ќе ја посети Венеција на 28 април годинава.
За време на неговата еднодневна пасторална посета на италијанскиот град, Папата ќе ја посети 60-тата меѓународна уметничка изложба La Biennale di Venezia 2024 година.
Ќе одвои време за да го посети павилјонот на Светиот Престол наречен „Моите очи“, кој е посветен на тема за човековите права и луѓето кои живеат на маргините на општеството.
Кустоси се Кјара Паризи и Бруно Расин и се прават напори да се привлече вниманието на светот кон оние луѓе кои се главно запоставени, истовремено негувајќи култура на средби.
Овогодинешната уметничка изложба се вика „Насекаде странци“ и ќе биде отворена од 20 април до 24 ноември.
Според соопштението на Дикастеријата за култура и образование и Венецијанската патријаршија, папата Фрањо ќе се сретне и со членовите на црковната заедница во Венеција. Целосниот распоред за посетата на Папата ќе биде објавен покасно.