Пребарување

2024.02.09 Pellegrini dall'Argentina per la Canonizzazione della Beata Maria Antonia di San Giuseppe de Paz y Figueroa

Папата: Светоста на Mама Антула беше поттикната од довербата во Бога

Папата Фрањо во петок 9 февруари 2024 година во аудиенција ги прими ходочесниците од Аргентина кои дојдоа во Рим за канонизација на блажената Марија Антонија де Сан Хозе де Паз и Фигероа, позната како Мама Антула и ја пофали нејзината светост, вера и истрајност.

Папата Фрањо во аудеинција ги прими ходочесниците од Аргентина кои дојдоа во Рим за канонизација на нивната сонародничка, блажената Марија Антонија де Сан Хозе (со световно име Антонија де Паз и Фигуероа), позната како Мама Антула, основачка на монашката заедница Ќерки на Божествениот Спасител и Домот за духовни вежби во Буенос Аирес. Блажената Аргентинка ќе биде прогласена за светица на 11 февруари од папата Фрањо, ден на кој Црквата го слави празникот Пресвета Богородица Лурд.

Во своето обраќање до гостите, Папата истакна дека примерот на милосрдната љубов на Мама Антула, особено нејзината служба кон најсиромашните, е многу релевантна за денешното општество, кое ризикува да заборави дека „радикалниот индивидуализам е вирус што е исклучително тешко да се надмине“, затоа што „не мами, нè тера да размислуваме како главната работа да е да им дадеме слобода на сопствените амбиции“.

„Во оваа блажена жена наоѓаме пример и вдахновение што го оживува изборот во корист на последните и отфрлените од општеството. Затоа, нејзиното сведоштво нека ви помогне да бидете ист знак на љубов и нежност меѓу нашите браќа“, им посака Папата на присутните.

10 февруари 2024, 11:59