Пребарување

2024.02.08 Partecipanti al Convegno Internazionale sulla formazione permanente dei sacerdoti

Папата истакна три клуча за постојаната формација на свештениците

Повикувајќи на милосрдие и нежност, папата Фрањо ги пофали светите свештеници кои верно служат на своето стадо. Говорејќи пред учесниците на Меѓународната конференција за постојана формација на свештениците во Ватикан, истакна три клуча за формација на христолики свештеници.

Конференцијата се одржува под покровителство на Дикастеријата за клер во соработка со Дикастеријата за евангелизација и Дикастеријата за Источни цркви.

Светиот Отец изрази благодарност за сето она што свештениците го прават во служба на своите бискупии и татковини и ја истакна важноста на милосрдието, посебно во исповедалницата, секогаш покажувајќи ја Исусовата неизмерна љубов и нежноста на Дева Марија. Понатаму, тој истакна три точки: негување на радоста на Евангелието, поттикнување на чувството дека сме дел од Божјиот народ и да се живее „создателно“ служење.

Зборувајќи најпрво за радоста на Евангелието, Папата истакна дека тоа е во срцето на христијанскиот живот. Дарот на пријателството со Господ нè ослободува од мракот на индивидуализмот и ризикот од живот без смисла, љубов и надеж. „Радоста на Евангелието, Радосната вест што нè придружува“, рече Папата, „е токму ова: Бог нè љуби со нежна и милосрдна љубов“.

Затоа, оваа радост дадена од Бога мора да се покаже во нашиот живот, нагласи Петровиот наследник, повикувајќи се на неговиот претходник Павле VI: „Најпрво треба да бидеме сведоци пред да бидеме учители, сведоци на Божјата љубов, единственото нешто што е вистински важно“. „Потребни ни се свештеници кои се потполни луѓе, способни за здрави односи и зрели во соочувањето со предизвиците на службата“, посочи тој, „за да може утехата на Евангелието да допре до Божјиот народ преку нивната човечност преобразена од Исусовиот Дух. Никогаш да не ја заборавиме силата на Евангелието, кое очовечува!“

Повикувајќи ги учесниците да го негуваат чувството дека се дел од Божјиот народ, Папата рече дека сознанието дека се дел од верниот Божји народ ги штити и поддржува во нивните напори. Покрај тоа, рече тој, ова чувство „нè придружува во пасторалните грижи и нè штити од опасноста да се оддалечиме од реалноста и да се чувствуваме семоќни.“ Папата предупреди дека овие опасности „се во коренот на секоја форма на злоупотреба.“ Свештеничката формација треба да се потпира на придонесот на Божјиот народ, на взаемност и постојана интеракција помеѓу различни животни ситуации, звања, служби и харизми. Светиот Отец ги повика да не го заборават свештеничкото братство.

Зборувајќи на крајот за „создателното“ служење, Папата потсети дека формацијата како служење не е само „пренесување на наука, туку и уметност за фокусирање на другите, нагласувајќи ја сета нивна убавина и доброто што го носат во себе, расветлувајќи ги нивните дарови, но и нивните сенки, рани и желби“. Така формираниот свештеник, рече Папата, ќе се стави во служба на Божјиот народ, ќе биде близок со луѓето и, како Исус на крстот, „доброволно ќе преземе одговорност за сè“, рече папата Фрањо во својот говор пред свештениците од целиот свет. свет.

09 февруари 2024, 12:36