Пребарување

2024.03.18  Vescovi dell'Umbria - visita ad Limina

Папата се сретна со бискупите од италијанскиот регион Умбрија

Папата ги прими умбриските бискупи во рамки на нивната ad liminа посета. Тоа беше спонтан, срдечен и братски разговор кој траеше околу два часа, при што секој бискуп зборуваше за состојбата во својата помесна Црква, истакнувајќи ги критичните прашања, но и успесите. Претседателот на Умбриската бискупска конференција, монсињор Бокардо по средбата истакна: „Се враќаме дома утешени од неговиот збор и неговата татковска близина.“

Средбата со Светиот Отец, можам без двоумење да кажам, е благодатен дар, за нашиот народ, за нашата служба, но тоа е дар што сигурно ќе се пренесе како благослов на нашите бискупии - рече надбискупот Ренато Бокардо, претседател на бискупската конференција на Умбрија, говорејќи за Vatican News по средбата со папата Фрањо со бискупите од тој регион за време на нивната ad limin посета на 18 март 2024 година. Скоро двочасовната средба на која Папата - истакна надбискупот - ги охрабри бискупите слободно да зборуваат и да го кажат она што сакаат да го споделат. Така секој бискуп ја опиша ситуацијата во својата заедница, барајќи од Папата и конкретни упатства како да се продолжи во навестување на Евангелието.

Четири „близини“

Меѓу препораките на Папата до бискупите се и таканаречените „четири близини“ кои бискупот мора да ги почитува; оние кои папата Фрањо им ги препорачува на сите прелати со кои се среќава: близина со Бога, затоа што бискупот пред сè треба да биде човек на молитва; близина со браќата во бискупијата; близина со свештениците - рече Светиот Отец, напоменувајќи дека епископот мора да биде татко и брат на секој свештеник, скапоцени соработници во бискупската служба. И на крај, но не и најмалку важно - истакна надбискупот Бокардо - близина со Божјиот народ. Папата се присети како Свети Павле, зборувајќи со својот ученик Тимотеј, ја спомна верата што ја примил од мајка му и баба му. Својата вера ја примивме од христијанскиот народ, од нашите семејства и затоа мораме да ја имаме нашата близина со нив – истакна папата Фрањо, а при поздравувањето на бискупите не заборави да им испрати на свештениците изрази на својата наклонетост, својата близина и благодарност за нивната посветеност во „секојдневното служење“.

19 март 2024, 09:56