Пребарување

Palestinians mourn their dead following recent Israeli airstrikes in Rafah

Папата: Сите да кажеме „Доста е! Запрете ја војната на Блискиот Исток“

По молитвата Ангел Господов во недела 3 март 2024 година, папата Фрањо ги спомна страдањата на луѓето во Палестина и Израел, кои секојдневно ги носи во срцето. Тој го охрабри продолжувањето на преговорите за прекин на огнот и ослободување на заложниците, а цивилното население да ја добие потребната хуманитарна помош

Дали навистина мислите дека на тој начин може да се изгради подобар свет? Дали навистина мислите дека е можно да се постигне мир? Доста, ве молам! Сите да кажеме „доста е“, ве молам! – е силно охрабрување што папата Фрањо го упати на верниците во недела, на 3 март, по молитвата Ангел Господов. Поттик полн со болка што секојдневно го носи поради страдањата на населението во Палестина и Израел предизвикано од непријателство, како и во напатената Украина каде - како што рече - секојдневно умираат многу луѓе.

Поттик за продолжување на преговорите

Илјадници мртви, ранети, раселени и огромни разурнувања предизвикуваат болка, со страшни последици за малите и беспомошните - посочи Римскиот бискуп, кој се надева дека преговорите што се водат во Каиро ќе завршат успешно.

Го охрабрувам продолжувањето на преговорите за да се постигне итен прекин на огнот во Газа и целиот регион, за да бидат веднаш ослободени заложниците и вратени кај нивните најблиски кои нестрпливо ги чекаат, а цивилното население да има сигурен пристап до потребната и итна хуманитарна помош.

03 март 2024, 17:28

Што е Ангел Господов

Ангел Господов е молитва која се моли три пати на ден во спомен на вечната Тајна на Овоплотување: во 6 часот наутро, точно напладне и навечер околу 18 часот, во моментот кога бие камбаната за Ангел Господов. Името Ангел Господов произлегува од првиот стих на молитвата – Ангел Господов ја поздрави Марија – која се состои од кратко читање на три едноставни текста кои се однесуваат на Овоплотувањето на Исус Христос и молење на три Радувај се Маријо. Оваа молитва ја моли Папата на плоштадот Свети Петар точно напладне во недела и за време на големите празници. Пред молењето на Ангел Господов, Папата има и еден мал наговор поврзан од дневните читања. Потоа следат поздрави до поклониците. Од Велигден па сѐ до Духовден, наместо Ангел Господов се моли Царице Небесна, која е молитва во спомен на Воскресението Христово, на крајот од истата се моли три пати Слава на Отецот и Синот и Светиот Дух.

Последниот Ангел Господов / Царице Небесна

Прочитајте сé >