Пребарување

Cookie Policy
The portal Vatican News uses technical or similar cookies to make navigation easier and guarantee the use of the services. Furthermore, technical and analysis cookies from third parties may be used. If you want to know more click here. By closing this banner you consent to the use of cookies.
I AGREE
Objects are seen in the sky above Jerusalem after Iran launched drones and missiles towards Israel, in Jerusalem

Папата: Нека запре секоја акција што може да ја поттикне спиралата на насилство на Блискиот Исток

По пладневната молитва Царице небесна, во недела 14 април 2024 година, папата Фрањо ја изрази својата тага и загриженост поради нападот на Иран врз Израел и повика да се запре сето она што може да го доведе Блискиот Исток до поголем воен конфликт. Тој повторно го истакна решението за две држави: „Сите народи нека застанат на страната на мирот и нека им помогнат на Израелците и Палестинците да живеат во две држави, безбедно. Тоа е нивна желба и нивно право“. На крајот упати апел: Доста е со војни

Запрете ја војната, престанете со нападите, престанете со насилството, „да“ за дијалогот и „да“ за мирот.

Гласот на Папата е одлучувачки, како и во сите прилики кога одекнува во клучен момент за светот. Во екот на меѓународните тензии поради ескалацијата на конфликтот на Блискиот Исток, по нападот на Техеран врз Израел, со стотици беспилотни летала и крстостувачки ракети лансирани во три брана, на 14 април, од прозорецот на Апостолската палата по молитвата на небесната кралица, папата Фрањо уште еднаш упати силен апел за мир и преговори.

„Не“ за поголем воен конфликт

Со илјадници верници собрани на плоштадот Свети Петар, Светиот Отец ја сподели својата загриженост и тага поради веста која дојде во последните часови за влошување на ситуацијата во Израел по интервенцијата на Иран. Затоа им се обрати на оние кои имаат одговорност за таа ситуација.

Нека запре секоја акција што може да ја поттикне спиралата на насилство, со ризик да го вовлече Блискиот Исток во уште поголема војна.

Две земји, една до друга

Римскиот бискуп уште еднаш апелираше за решение „две држави“ за Израел и Палестина, што Светиот Престол отсекогаш го поддржува. Никој не смее да го загрозува постоењето на другиот; сите народи нека застанат на страната на мирот и нека им помогнат на Израелците и Палестинците да живеат во две држави, една до друга, безбедно - охрабри Папата и додаде:

Тоа е нивна длабока и легитимна желба и тоа е нивно право. Две соседни земји.

Прекин на огнот во Газа, ослободување на израелските заложници

Светиот Отец потоа се осврна на Појасот Газа, каде што Министерството за здравство, кое го води Хамас, неодамна објави нови бројки кои покажуваат повеќе од 33.700 смртни случаи од 7 октомври. Затоа, повика:

Нека се постигне прекин на огнот во Газа што е можно поскоро и нека започне патот на преговори, одлучувачки преговори. Нека му се помогне на населението кое падна во хуманитарна катастрофа.

Молете се за мир

Како и секогаш откако изби конфликтот, папата Фрањо уште еднаш апелираше за итно ослободување на израелските заложници киднапирани пред шест месеци, кои се во рацете на Хамас. Меѓу нив има жени и деца. Да потсетиме, минатиот понеделник Светиот Отец прими група членови на семејствата на овие лица во Апостолската палата.

На крајот од обраќањето ги охрабри сите верници никогаш да не пропуштаат да се молат на Бога за мир. Многу страдања, да молиме за мир!

15 април 2024, 09:23

Последниот Ангел Господов / Царице Небесна

Прочитајте сé >
Prev
February 2025
SuMoTuWeThFrSa
      1
2345678
9101112131415
16171819202122
232425262728 
Next
March 2025
SuMoTuWeThFrSa
      1
2345678
9101112131415
16171819202122
23242526272829
3031