Пребарување

2024.04.10 Udienza Generale

Генерална аудиенција: Умереноста нема да ни ја одземе радоста, туку ќе не исполни со среќа

По силата, правдата и разборитоста на Генералната аудиенција, во среда 17 април 2024 година, папата Фрањо поттикна да размислуваме за четвртата основна крепост: таа добро се спојува со евангелското однесување на маленкост и благост. Тоа не го прави човекот мрачен; напротив, му носи радост затоа што „подобро ужива во добрата на животот.“

Недостатоци и крепости - е тема за која папата Фрањо континуирано веќе извесно време размислува во катехезите на Генералните аудиенции во среда, а во најновата зборуваше за четвртата и последна голема крепост - умереноста, додека на самиот крај на аудиенцијата повика на ослободување на воените заробеници.

Крепоста умереност – рече денеска Папата во воведот на катехезата – се однесува на способноста за самоконтрола, способност да не дозволиме да бидеме совладани од бунтовните страсти, додека Катехизмот на Католичката црква вели дека „умереноста е морална крепост која ја ограничува привлечноста на задоволствата и оспособува за рамнотежа во користењето на создадените нешта“, рече меѓу другото Светиот Отец и наведе дека умерениот човек своите сетилни склоности ги насочува кон доброто, ја чува здравата способност за расудување и не го следи сопствениот „нагон“.

Мудро и разумно однесување

Умерениот човек се однесува мудро во секоја ситуација, продолжи тој, наведувајќи дека во свет каде што многумина се фалат дека го кажуваат она што го мислат, умерениот човек претпочита да го мисли она што го кажува. Умерениот човек постапува претпазливо и кога се во прашање задоволствата. Колкумина лакомо сакаат да пробаат сè и на крајот ја губат желбата за сè - предупреди Папата, продолжувајќи дека затоа е подобро да се бара вистинската мерка:

Умерениот човек знае добро да ги одбере и мери зборовите. Мисли што ќе каже. Не дозволува момент на лутина да ги уништи врските и пријателствата кои подоцна тешко се обновуваат. Посебно во семејниот живот, каде што пречките се намалени, сите ризикуваме да не ги држиме под контрола напнатоста, раздразливоста и лутината. Има време да се зборува и време да се молчи, но и едното и другото бараат вистинска мерка.

Скротување, ако е потребно, но со разбирање и емпатија

Покрај тоа Светиот Отец рече дека ако умерениот човек знае да ја контролира својата раздразливост, не значи дека секогаш ќе го гледаме со мирно и насмеано лице. Понекогаш треба да се налутиме, а кога укорот понекогаш е поздрав од лутината и погрешната тишина. Спомна и случаи кога умерениот човек успева да ги држи крајностите заедно: ги афирмира апсолутните принципи, се залага за непроменливи вредности, но и ги разбира луѓето и покажува емпатија кон нив.

Умереноста се согласува со маленкоста и благоста

Дарот кој го краси умерениот човек е рамнотежа, карактеристика која е многу скапоцена и ретка. Имено, сè во нашиот свет не принудува на неумереност. Умереноста, сепак, добро се спојува со евангелските ставови како што се маленкост, дискретност, таинственост, кроткост. Оној што е умерен има почит кон другите, но за него тоа не е единствениот критериум за секоја постапка и секој збор. Чувствителен е, знае да плаче и не се срами од тоа, но не се сожалува. Кога е поразен, повторно станува; кога ќе победи знае прикриено да се врати на својот вообичаен живот. Тој не бара одобрување, но знае дека има потреба од другите.

Умереноста дозволува – заклучи Папата – подобро да се ужива во добата на животот: заедничко јадење, нежноста на одредени пријателства, доверливост со мудрите луѓе и восхит од убавината на создадениот свет. И во молитва, повикува кон Господа да дарува дар на зрелост, зрелост во чувствата и зрелост за дружељубивост за да се живее крепоста умереност.

Мачењето е нечовечко

На самиот крај, како дел од своите поздрави до верниците од италијанското говорно подрачје - кога по правило Светиот Отец упатува апели до светот - овој пат застана зад луѓето погодени од војни, поточно за населението во Светата Земја, Палестина, Израел и маченичката Украина, и упати апел за ослободување на воените затвореници кои поминуваат низ посебно тешки човечки страдања:

Господ нека поттикне подготвеност сите да бидат пуштени на слобода. И кога зборуваме за затвореници, мислам на оние кои се мачени. Мачењето затвореници е нешто многу брутално, нечовечко. Да мислиме на многуте тортури кои го повредуваат достоинството на една личност и на бројните луѓе кои се изложени на тортура. Господ нека им помогне на сите и сите нека ги благослови.

18 април 2024, 10:25

Последни Ауденции

Прочитајте сé >