Пребарување

++ Il Papa a parrocchia romana alla Borghesiana, vede bambini ++

Папата Фрањо одржа час по веронаука со 200 деца во една римска парохија

Папата Фрањо на 11 април 2024 година ја посети парохијата Свети Иван Марија Вијанеј во источниот дел на Рим. Со тоа започна серијата со наслов „Школа за молитва“ со деца кои се подготвуваат за нивната Прва Причест во Годината на молитвата во која Црквата се подготвува за јубилејот.

„Еве го Папата... Навистина!“ Парохот не спомна ништо, па „тајната речиси се чуваше“, иако мала група новинари и камери пред парохијата и други луѓе кои се собраа во голем број пред куќите, баровите и продавниците со паметни телефони во рацете, предизвика љубопитност и изненади околу 200 деца кои дојдоа на веронаука. Забележале дека тоа не е обичен ден, туку дека нешто важно се случува во парохиската сала. Дополнителен шок следеше кога на надворешната рампа околу 16.00 часот се појави бело Fiat 500 L со регистарски таблички SCV.

Прва средба на „Школата за молитва“

„Чао!". Папата Фрањо, откако ги поздрави парохот дон Марко Гандолфо и монсињор Рино Физикела, пропрефект на Дикастеријата за евангелизација и организатор на средбата, даде знак со раката за она што тој самиот сака да го дефинира како „галама“ или „врева“ го направија децата кои речиси се качуваа еден на друг, брзајќи да се поздрават со Папата. „Ми рекоа: внимавајте господине Папа, оти децата прават врева. Дали е тоа вистина?“, праша тој.

Со момчињата и девојчињата кои се подготвуваа за нивната Прва Причест, Хорхе Марио Бергољо помина околу еден час и ја отвори „Школата за молитва“, прва од долгата серија средби што ќе ја означат започнатата Година на молитва, како духовна подготовка. за Светата Јубилејна 2025. Станува збор за нова серија која идеално го поврзува следниот јубилеј со Јубилејот на милосрдието во 2016 година, односно со серијата „Милосрдни петоци“ кои Папата ги одржуваше еден петок во месецот во текот на таа година. Во тој период тој неочекувано посетуваше некој дел од главниот град за да ги поздрави оние кои живеат на маргините или во тешки услови.

Папата ги поздрави децата поединечно

Сакавме да ја започнеме оваа серија средби со деца. Децата од парохијата Свети Иван Марија Вијанеј не се исплаши од необичниот катехист кој дојде во парохијата да му постави такви изненадувачки прашања за смртта, за љубовта кон семејството и пријателите, за болката и радостите на животот, за важноста на молитвата. Тие беа возбудени и активни, што можеше да се види веќе во моментот на поздравувањето кога папата Фрањо се обиде на сите да им даде петка или да ја положи раката на нивните глави. На крајот застанала накратко со малата Алис, која има 10 години и беше во првиот ред во инвалидска количка, за да ја благослови.

Папата разговораше со децата околу еден час

„Нема да ви држам говор затоа што сум досаден, но ќе одговорам на вашите прашања“, започна Светиот Отец. И така поминаа 50 минути, повторувајќи ги заедно со децата зборовите што треба да се запаметат („Ти благодарам, те молам, извини“...), покажувајќи чиј е редот да зборува („Ти веќе зборуваше, некој друг!“, ги повика да имаат храброст оние што беа срамежливи („Дојди овде, кажи го тоа на микрофон“) или заблагодарувајќи им се на децата што поставуваа опширни прашања („Добар си, ти си филозоф“).

„Ти благодарам, те молам и прости ми“

Посебно, папата Фрањо сакаше да им ја повтори важноста на децата „да се заблагодауваат за сè“: за родителите, пријателите, учителите и катехистите, но пред сè да му се заблагодаруваат на Бога „Важно е да се благодариме за сè. На пример, ако влезете во нечија куќа и не кажете благодарам, а потоа излезете, или не се поздравите, дали е тоа убаво?“. Првиот збор е, значи, „благодарам“, додека вториот е „те молам“, третиот е „прости“: „Дали е добар човек кој никогаш не кажува извини? Тешко е да се побара прошка, понекогаш доаѓа срам и гордост. Но, важно е кога некој ќе се охрабри за да се извини. Три збора: благодарам, молам, прости“, поучи Папата.

Да се моли и во темни моменти од животот

Темата на молитвата беше централна тема на разговорот. Таа е она што, истакна Папата, никогаш не смее да недостасува дури и во „мрачните моменти“ од животот. „Кои се тие моменти?". „Кога некој ќе умре, кога некој ќе се онесвести, кога ќе се скараш со другарка“, извикуваа децата. Едно од најтрогателните прашања беше прашањето на Алис: „Како да му благодарам на Господа во мојата болест?“ „Дури и во мрачни моменти мораме да му благодариме на Господа, бидејќи Тој ни дава трпение да ги поднесеме тешкотиите. Заедно да кажеме: Ти благодарам, Господи, што ни даде сила да ја поднесуваме болката“, одговори Папата.

„А дали се молите? Како се молите? Што може да му се каже на Господа?“, праша повторно. Едно од децата стана и се сети дека неговото семејство секогаш се моли пред јадење. „Тој кажа нешто важно. Но, дали знаете дека има многу деца кои немаат што да јадат? Дали му благодарам на Господ кој ми дава храна? Дали му благодарам што ми подари семејство?“, ги поттикна на размислување Светиот Отец.

Последното прашање се однесуваше за верата. „Дали сте христијани, ги праша папата Фрањо: „Имате ли вера? Да речеме заедно: Ти благодарам, Господи, што ми ја даде верата.“ Другите деца прашуваа зошто има смрт и осаменост, додека Софија, која ќе се причести за неколку дена, рече дека ја потресе веста за војните. И тука се поставува прашањето: како да се каже „благодарам“ во таков трагичен момент? „Секогаш мораме да му благодариме, во секој момент. Ви давам совет - пред да заспиете, размислете: за што да му благодарам на Господа денес? Благодарете“, заклучи Папата.

Молитви и подароци

Во шега Папата рече: - „Дали ти е здодевно? Сега ќе си заминам“ , а потоа папата Фрањо ја заврши средбата со молитва со децата „Молитва на благодарност“ составена за таа прилика и испечатена во брошура со јубилејното лого. На секое дете му подари Бројаница: „Ви донесов Бројаници и чоколадни јајца? Што сакате, Бројаници или јајца?“. Поделени гласови, додека катехистите се смееја. Папата им ги подари на катехистите и свештениците првите шест објавени тома од серијата „Appunti sulla Preghiera“ (Белешки за молитвата), прирачник направен од првиот оддел на Дикастеријата за евангелизација за поддршка на пасторалниот живот во поглед на претстојниот јубилеј.

Поздрав на улица со родителите, катехистите и жителите на населбата

Излегувањето на Папата од салата беше придружено со пеење „Алилуја“. Надвор, зад бариерите, родителите на децата го чекаа Римскиот бискуп: „Чао Папа! Папата, благослови“, извикуваа. Патот беше полн со парохијани и жители кои се обидуваа да се приближат до автомобилот извикувајќи „Да живее Папата“ или бараа благослов за децата. Фиатот на папата Фрањо неколку пати застануваше за да ги благослови децата во колички или да им подели Бројаници. Потоа се врати во Домот Света Марта низ редовниот сообраќај и со восхитувачките погледи на минувачите.

13 април 2024, 19:34