Апел на Папата на Генералната аудиенција: Да молиме за конечен мир
Да молиме за мир. Да не заборавиме на напатената Украина; да не заборавиме на Палестина, Израел, Мјанмар.
Папата Фрањо повторно, на крајот од Генералната аудиенција повика на мир. Пред да го напушти плоштадот Свети Петар, упати уште еден апел за мир меѓу народите во светот и поттикна на молитва за сите оние кои страдаат од последиците на конфликтите и непријателствата.
Да молиме за сите луѓе кои страдаат од војни. Сите заедно, со големи срца, да молиме да завладее конечен мир.
На крајот уште еднаш нагласи дека војната е „секогаш пораз: секогаш!“.
Молитва за Авганистан
Пред да ги поздрави италијанските ходочесници, Папата ги насочи своите мисли кон населението на Авганистан, кое е тешко погодено од трагичните поплави во последните денови, а особено на бројните луѓе кои ги загубија животите, меѓу кои и деца.
Молам за жртвите, особено за децата и нивните семејства.
Според Обединетите нации, најмалку 300 луѓе ги загубиле животите, а многумина се водат за исчезнати. Поплавите уништија илјадници куќи и згради, многу области се евакуирани, а има и големи штети на патиштата и инфраструктурата, особено во провинциите Баглан, Гор и Херат, додека во провинцијата Бадакшан, на границата со Таџикистан, локалните власти проценуваат загуба на околу две илјади домашни животни. Папата побара да се пружи помош и да не се запоставуваат најпотребните.
Апелирам до меѓународната заедница веднаш да обезбеди помош и поддршка неопходна за заштита на најранливите.