Папата Фрањо во септември ќе патува во Белгија и Луксембург
Оваа година месец септември папата Фрањо ќе го започне со големо патување во Индонезија, Папуа Нова Гвинеја, Источен Тимор и Сингапур, а ќе го заврши со уште едно меѓународно патување: во Белгија и Луксембург. Канцеларијата за печат на Светиот Престол ја потврди посетата на Папата на овие две европски земји од 26 до 29 септември.
Откако ја прифати поканата на шефовите на државните и црковните власти на тие две земји, Светиот Отец Фрањо на 26 септември ќе замине на апостолско патување во Луксембург, а од 26 до 29 септември во Белгија и ќе ги посети Брисел, Лувен и Лувен-ла-Нов - се наведува во соопштението на Канцеларијата за печат на Светиот Престол, во кое се прецизира дека програмата за патување ќе биде објавена во догледно време.
Самиот Папа зборуваше за патувањето во Белгија за време на интервјуто за мексиканската телевизија N+ во декември 2023 година. Зборувајќи за патувањето во Дубаи, откажано поради бронхитис и можните идни патувања, папата Фрањо објасни дека додека други патувања се уште се разгледуваат, патувањето во Белгија е „сигурно“.