Папата упати порака по повод одбележувањето на Денот на Свети Колумбан
Роден е во 543 година во регионот Лејнстер во Ирска, Свети Колумбан бил мисионер во Европа во средниот век, монах и научник. Последниот манастир го основал во Пјаченца во 614 година.
„Во изминатите дваесет и пет години се сретнувавте во името на големиот опат и успеавте да создадете мрежа на духовни и културни пријателства во делот на Европа каде што Свети Колумбан и неговите придружници оставиле печат на своето добортворно присуство“, рече Папата во својата порака. „Вашето сеќавање не е само историско, туку има за цел да го унапреди познавањето за Свети Колумбан и неговото наследство како извор на збогатување и за Црквата и за граѓанското општество во нашево време“.
Дури и ако постои „огромна разлика меѓу денешна Европа и онаа од шестиот и седмиот век и меѓу нашиот начин на живот и моделот предложен од светиот опат и неговите придружници“, Папата призна дека таквите разлики даваат „сведоштво за пораките на Свети Колумбан кои се особено провокативни и навистина привлечни за нас кои сме потопени во практичен материјализам и некој вид неопаганизам“.
Папата потсети дека ирските монаси од тоа време станале ходочесници и мисионери кои повторно евангелизирале големи области на континентот „каде што првите плодови на христијанството биле во опасност да бидат изгубени“, тој го пофали нивниот „извонреден придонес“ на полето на духовноста, учењето и етиката. „Животот и делото на монахот Свети Колумбан се покажа како одлучувачки за зачувување и обнова на европската култура“, истакна Папата.