Пребарување

Pope Francis holds weekly audience

Папата: Повикувајќи на омраза, го лишуваме човекот од неговото достоинство

На Меѓународниот ден против говорот на омраза, папата Фрањо потсетува на заканата за човечкото достоинство поврзано со ширењето на непроверени информации и повици на омраза.

„Со објавување непроверени информации, повторување банални и лажно убедливи говори, повикување на омраза, не ја плетеме историјата на човештвото, туку го одземаме човечкото достоинство. #NoToHate

Ова е објавено на профилот на Светиот Отец на социјалната мрежа „Х“ на 18 јуни 2024 година, на Меѓународниот ден за спречување на говорот на омраза, кој се прославува од 2019 година на иницијатива на Генералното собрание на ОН, како одговор на растечките трендови на ксенофобија, расизам и нетолеранција и други негативни појави поврзани со поттикнување непријателство. Овој ден е воспоставен за да ја подигне свеста за опасностите од говорот на омраза и да промовира меѓурелигиски и меѓукултурен дијалог во борбата против оваа појава.

„Ткајте“ добри приказни

Папата Фрањо ги спомена опасностите од говор на омраза во 2020 година во пораката по повод Денот на социјални комуникации. Во своите размислувања, фокусирани на темата проповедање, тој напиша дека „за да не залутаме, мора да го дишеме воздухот на добрите приказни: приказни кои градат, а не уништуваат; приказни кои помагаат да се најдат корени и сила да се оди напред заедно.“

Меѓутоа, Светиот Отец тогаш истакна, „често на разбоите на комуникацијата, наместо конструктивни приказни кои ги зајакнуваат општествените и културните врски, се создаваат деструктивни и провокативни приказни кои уништуваат и ги кинат кревките нишки на соживот“. Во овој контекст, тој посочи дека непроверените информации, баналните и погрешни изјави и повици за омраза „не ја плетат историјата на човештвото, туку се одзема човечкото достоинство“.

19 јуни 2024, 10:42