Пребарување

Cookie Policy
The portal Vatican News uses technical or similar cookies to make navigation easier and guarantee the use of the services. Furthermore, technical and analysis cookies from third parties may be used. If you want to know more click here. By closing this banner you consent to the use of cookies.
I AGREE
2024.07.07 Visita Pastorale a Trieste - Santa Messa

Ангел Господов: Како христијани, го имаме Евангелието, а како граѓани го имаме Уставот

Во недела, 7 јули 2024 година, папата Фрањо ја измоли молитвата Ангел Господов со верниците собрани на светата Литургија по повод завршувањето на 50-тата Католичка социјална недела во Италија што се одржа во Трст од 3 до 7 јули. Пред молитвата Папата упати наговор, која го пренесуваме во целост.

ПАПА ФРАЊО

АНГЕЛ ГОСПОДОВ

Сакав да му се заблагодарам на епископот за многу работи, но пред сѐ за едно: Што не „зборуваше“ за болните... Ги именуваше! Ги знае по име! И тоа е пример, бидејќи милордието е конкретно, љубовта е конкретна. Голема благодарност до бискупот бидејќи ја има таа навика. Секој човек, здрав или болен, голем или мал, секој човек има достоинство. Достоинството се изразува со име, а тој ги знае по име. Многу убаво. Сега се надевам дека ќе продолжи со ова познавање, бидејќи во една прилика сретнав еден парох од планински регион - тој беше парох во три села - и му реков: „Кажи ми, дали ги познаваш овие луѓе по име? “, а тој одговори: „Ги знам и имињата на кучињата од тие семејства!“. Сега се надевам дека ќе продолжи во тој стил и ќе ги дознае имињата и на кучињата.

Драги браќа и сестри,

Пред завршниот благослов, сакам да ве поздравам сите собрани на овој многу сугестивен плоштад. Му благодарам на бискупот за неговите зборови и пред сѐ за подготовката на оваа посета, а заедно со него и на оние кои соработуваа на многу начини, особено околу богослужбата – прекрасни се, ве молиме дајте аплауз за раководителите и за сите нив - и разните служби; како и многу луѓе кои учествуваа во молитвата. Ја ветувам мојата блискост со болните - со многумина од нив се поздравив - затвореници, мигранти - врата на градот Трст е отворена за сите мигранти - и за сите оние за кои животот е постојана борба.

Трст е еден од оние градови кои имаат повик да собираат различни луѓе: пред сè, затоа што е пристаниште, особено важно пристаниште, а потоа затоа што се наоѓа на раскрсницата меѓу Италија, Централна Европа и Балканот. Во овие ситуации, предизвикот со кој се соочува Црквата и граѓанската заедница е ова: да знае како да ги спои отвореноста и стабилноста, гостопримството и идентитетот. И сакам да го кажам ова: имате „уредни документи“. Ви благодарам. Имате „уредни документи“ за да се соочите со овој предизвик! Како христијани, го имаме Евангелието, кое дава смисла и надеж на нашите животи; а како граѓани го имаме Уставот, сигурен „компас“ за патот на демократијата.

Па само напред! Без страв, отворени и непоколебливи во човечките и христијанските вредности, приспособливи, но без загрозување на човечкото достоинство.

Од овој град ја обновуваме нашата посветеност на молитвата и работата за мир: за маченичката Украина, за Палестина и Израел, за Судан, Мјанмар и сите народи кои страдаат од војна. Да прибегнеме кон застапништвото на Дева Марија, која на Монте Гризи се чествува како Мајка и Царица.

08 јули 2024, 16:05

Последниот Ангел Господов / Царице Небесна

Прочитајте сé >
Prev
February 2025
SuMoTuWeThFrSa
      1
2345678
9101112131415
16171819202122
232425262728 
Next
March 2025
SuMoTuWeThFrSa
      1
2345678
9101112131415
16171819202122
23242526272829
3031