Пребарување

Cookie Policy
The portal Vatican News uses technical or similar cookies to make navigation easier and guarantee the use of the services. Furthermore, technical and analysis cookies from third parties may be used. If you want to know more click here. By closing this banner you consent to the use of cookies.
I AGREE
2024.07.14 Angelus

Ангел Господов: Заедништво и умереност

Папата Фрањо во недела на 14 јули 2024 година од прозорецот на својата работна соба во Апостолската палата молеше Ангел Господов заедно со верниците и ходчесниците собрани на плоштадот Свети Петар. Во целост го пренесуваме говорот на Папата

ПАПА ФРАЊО

АНГЕЛ ГОСПОДОВ

Плоштад Свети Петар, недела, 14 јули 2024 година

Драги браќа и сестри, ви посакувам пријатна недела!

Денешното Евангелие ни зборува како Исус ги испратил своите ученици во послание (сп. Марко 6,7-13). Ги праќа „два по два“ и им препорачува со себе да ги земат само најпотребните работи.

Да се задржиме на таа слика: учениците ги испраќа заедно и со себе треба да го земат само она што е најпотребно.

Евангелието не го навестуваме сами, не, туку заедно, како заедница, а за тоа е важно да знаеме како да ја зачуваме умереноста: да знаеме да бидеме умерени во користењето на добрата, споделувајќи ги добрата, способностите и даровите, и да се ослободиме од сувишното. Но зошто? За да бидеме слободни, некои работи непотребно поробуваат. Но и за да бидеме слободни и секој да го има она што му треба за достоинствено да живее и активно да придонесува во посланието; и, дополнително, да се биде трезвен во мислите и чувствата, напуштајќи ги предрасудите и непопустливоста кои, како бескорисен багаж, претставуваат само товар и пречка на патувањето, така што, наместо тоа, поттикнуваме соочување и слушање и на тој начин сведочењето го правиме плодоносно.

Да размислиме, на пример, што се случува во нашите семејства или во нашите заедници: кога сме задоволни со најнеопходното, дури и во малите работи, со Божја помош, успеваме да одиме напред и да постигнеме хармонија, меѓусебно го споделуваме она што го имаме, сите се откажуваат од нешто и се поддржуваат еден со друг (сп. Дела 4,32-35). И тоа веќе е мисионерско навестување, дури и повеќе од зборови, бидејќи ја воплотува убавината на Исусовата порака во конкретниот живот. Семејството или заедницата што живее вака создава атмосфера богата со љубов, во која е полесно да се отвори за верата и за новоста на евангелието и од која се тргнува по нови патишта кои се подобри, посветли и порадосни.

Напротив, ако секој оди по својот пат, ако само работите се важни - од кои никогаш нема доволно -, ако не се слушаме, ако преовладуваат индивидуализмот и зависта - зависта е смртоносен отров, вистински отров! - ако преовладуваат индивидуализмот и зависта, се чувствува напнатост во воздухот, животот станува тежок, а средбите стануваат повеќе можности за немир, тага и малодушност отколку можности за радост (сп. Матеј 19,22).

Драги браќа и сестри, заедништвото и умереноста се важни вредности за нашиот христијански живот: заедништвото, хармонијата меѓу нас и умереноста се важни вредности, а за нашиот апостолат тие се незаменливи вредности за вистинска мисионерска Црква, на сите нивоа.

Затоа, да се запрашаме: дали чувствувам задоволство во навестување на Евангелието, во носењето радост и светлина до местото каде што живеам, што доаѓа од средбата со Господ? За да го направам ова, дали се обидувам да одам заедно со другите, да споделувам идеи и способности со нив, со отворен ум и дарежливо срце? И на крај: дали знам да негувам умерен начин на живот кој е внимателен на потребите на моите браќа? Ова се добри прашања што треба да се постават.

Марија, Царица на апостолите, нека ни помогне да бидеме вистински ученици мисионери, во заедништво и умереност во животот. Во заедништво, хармонија меѓу нас и со умереност во животот.

15 јули 2024, 00:00

Последниот Ангел Господов / Царице Небесна

Прочитајте сé >
Prev
February 2025
SuMoTuWeThFrSa
      1
2345678
9101112131415
16171819202122
232425262728 
Next
March 2025
SuMoTuWeThFrSa
      1
2345678
9101112131415
16171819202122
23242526272829
3031