Пребарување

FILES-FRANCE-OLY-PARIS-2024-VENUE

Папата ги пофали Олимписките игри и повика на прекин на огнот

Летните олимписки игри 2024 година ќе започнат следната недела во француската престолнина Париз (26 јули - 11 август). Папата Фрањо потсети на ова за време на пладневната молитва Ангел Господов во недела 21 јули 2024 година, истакнувајќи го спортот како начин за промовирање на братството, интеграцијата и мирот. Светиот Отец побара и игрите да се искористат како можност за прекин на огнот и го обнови својот повик за мир во светот.
23 јули 2024, 17:07

Што е Ангел Господов

Ангел Господов е молитва која се моли три пати на ден во спомен на вечната Тајна на Овоплотување: во 6 часот наутро, точно напладне и навечер околу 18 часот, во моментот кога бие камбаната за Ангел Господов. Името Ангел Господов произлегува од првиот стих на молитвата – Ангел Господов ја поздрави Марија – која се состои од кратко читање на три едноставни текста кои се однесуваат на Овоплотувањето на Исус Христос и молење на три Радувај се Маријо. Оваа молитва ја моли Папата на плоштадот Свети Петар точно напладне во недела и за време на големите празници. Пред молењето на Ангел Господов, Папата има и еден мал наговор поврзан од дневните читања. Потоа следат поздрави до поклониците. Од Велигден па сѐ до Духовден, наместо Ангел Господов се моли Царице Небесна, која е молитва во спомен на Воскресението Христово, на крајот од истата се моли три пати Слава на Отецот и Синот и Светиот Дух.

Последниот Ангел Господов / Царице Небесна

Прочитајте сé >