Папата потсети на атомските бомбардирања од Втората светска војна и апелира за мир во земјите зафатени од војна
Драги браќа и сестри!
Деновиве си спомнуваме на годишнината од атомското бомбардирање на градовите Хирошима и Нагасаки. И додека продолжуваме да му ги препорачуваме на Господ жртвите на тие настани и сите војни, ја обновуваме нашата интензивна молитва за мир, особено за напатените Украина, Блискиот Исток, Палестина, Израел, Судан и Мјанмар.
Денеска е празникот на света Клара: Упатувам срдечен поздрав до сите клариси, особено оние од Валеглорија, со кои ме поврзува прекрасно пријателство.
Да молиме и за жртвите од трагичната авионска несреќа што се случи во Бразил.
Ве поздравувам сите вас, Римјани и ходочесници од Италија и многу земји, а особено групата питомци од семинаријата во Бергамо, кои пеш пристигнаа од Асизи на неколкудневно ходочестие. Дали сте уморни? Не? Добро. Одлични сте!
На сите ви посакувам пријатна недела. А вам, деца од Безгрешното зачнување: имајте убава недела! И ве молам, не заборавајте да се молите за мене: вие Бразилци, таму, добро ве гледам. Фала на сите! Збогум и до гледање!