Папата: Грижете се за севкупното добро на младите генерации
Ненаметливост, татковство и внимание кон последните - тоа се три димензии од животот на свети Јосиф од Назарет, важни за монашкиот живот и служењето на Црквата, на кои се осврна папата Фрањо во својот говор пред учесниците на XVIII. генрално собрание на Конгрегацијата на Облатите на свети Јосиф, Јозефити од Асти, основана од свети Џузепе Марело, кои Папата ги прими во аудиенција на 26 август 2024 година. Папата на почетокот потсети дека и неговото семејство има корени од Асти, истакнувајќи дека тој и монасите имаат заеднички корени во земјата Пиемонт, каде што е роден свети Џузепе Марело.
Вкоренете го својот живот во Христа
Зборувајќи за ненаметливоста, Папата го цитираше мотото на основачот на Облатите на свети Јосиф: „Дома картузијани, а надвор од дома апостоли“. Вдахновен од овие зборови, тој ги поттикна монасите да го стават Христос во центарот на својот живот.
Никој од нас не може без Него: секој има свои слабости и без Господ кој не поддржува, не би можеле да издржиме. Затоа, ве поттикнувам секогаш да негувате интензивен молитвен живот (...) преку учество во светите тајни, слушање и размислување на Словото Божјо и евхаристиско обожавање, лично и заедничко.
Инсистирајќи на обожавањето, во тишина пред Господа, е нешто што треба да го прават сите монаси, Светиот Отец укажа колку е важно да се остане непоколеблив во Христа, бидејќи кога не сме блиску до Бога паѓаме во грев, додека оној што е близок со Господ веднаш се фаќа за Него и не паѓа.
Да им помогнеме на младите да се сретнат со Бога
Да се биде со Христос, да се слуша, да се зборува со него, да се споделува секојдневието со него донесува плодови во апостолатот – забележа римскиот бискуп, нагласувајќи – посебно во напроите кои се прават младите за да се сретнат со Бога.
На младите ние не сме им потребни, туку Бог! И колку повеќе живееме во негово присуство, толку подобро ќе можеме да им помогнеме да го запознаат, без непотребен протагонизам и имајќи го на срце нивното спасение и потполна среќа. Нашите млади луѓе - но всушност по малку сите ние - живеат и живееме во свет составен од надвор, во кој е важно да се појавиме, да постигнеме консензус, секогаш да имаме нови искуства. Но, животот кој се живее целосно „надвор“ остава празнина внатре.
Затоа Папата ги поттикна Облатите на свети Јосиф да ги направат своите заедници и монашки куќи места каде што ќе може да се почувствува и сподели топлината на близината со Бога и меѓу браќата.
Со новите генерации
Во однос на татковството, папата Фрањо го истакна вниманието на свети Џузепе Марело кон младите, за кои тагува затоа што се премногу напуштени и запоставени и препуштени сами на себе, а однесувањето на оние кои тогаш ги критикуваа тие млади, го смета за неправедно и јалово. Знаеше да го сфати големиот потенцијал за добро, кој може да процвета и да вроди со плод кај младите, доколку ги поддржуваат и следат мудри, трпеливи и дарежливи водачи – истакна Папата и ги поттикна Облатите на свети Јосиф од Асти да се грижат за севкупното добро на младите луѓе, конкретно присутни со нив и нивните семејства, како познавачи на величествената уметност на добри воспитувачи, мудро почитувајќи го времето и можностите на секој поединец.
Прифатете го последното
Во врска со вниманието до последното, папата Фрањо ја истакна верата и љубовта со која свети Јосиф ги прифатил Марија и нејзиното Дете, препознавајќи го Бога во нивното сиромаштво. Токму тоа значи да се прифатат последните - забележа и објасни - да не се наведнуваш патерналистички сметајќи ги за инфериорни, туку со нив да се споделува сопственото сиромаштво.
И на крајот, враќајќи се на ликот на свети Јосиф, папата Фрањо рече дека во својата соба има икона на која е прикажан свети Јосиф како спие, но – забележа – се вели дека не можел да спие во својот живот; страдал од несоница, бидејќи секој пат кога ќе заспиел му го менувале животот. Човек кој дозволува неговиот живот да се промени – рече папата Фрањо, повикувајќи ги сите да размислат за неговата храброст.