Пребарување

Il Papa all'Angelus, 'pregate per il mio viaggio'

Ангел Господов: Доследните христијани својата молитва ја прават конкретна во љубовта кон другите

Коментирајќи го делот од Евангелието од неделната литургија пред молитвата Ангел Господов, во недела на 1 септември 2024 година, папата Фрањо поттикна да не го сведуваме нашиот однос со Бог на надворешни гестови, а внатрешно да ги презираме сиромашните или се однесуваме нечесно на работа. Нема смисла „малку да се волонтира“, а потоа да се озборува „без милост сите и сѐ“

Папата Фрањо ги повика верниците да не го сведуваат односот со Бог на надворешни гестови. Во неделното обраќање, за евангелието кога Исус зборува за чистите и нечистите, Светиот Отец потсети дека тоа е тема која им била многу драга на тогашните луѓе. И воглавно е поврзана со почитувањето на ритуалите и правилата на однесување во кои треба да се избегнува секаков контакт со работи или луѓе кои се сметаат за нечисти.

Во контекст на книжниците и фарисеите, кои биле строги почитувачи на тие правила, Исус ги повикува учениците да размислуваат за значењето на чистотата и објасни дека тоа не е поврзано со надворешни ритуали, туку пред се со внатрешните расположенија, рече Папата.

Исто така, тој, меѓу другото, објасни дека станува збор за ритуализам кој не води кон раст во добрината, а понекогаш дури може да доведе до занемарување, па дури и до оправдување избори и ставови спротивни на милосрдието, што ја ранува душата и го затвора срцето. А тоа е исто така важно за нас денес.

Не може, на пример, по излегување од светата Литургија да застанете во дворот на црквата грдо и безмилосно да озборувате секого и за се. Ваквите мрморења го уништуваат срцето, ја уништуваат душата. Не може така. Одиш на света Литургија, а на влезот правиш такви работи. Тоа е лошо. Или во молитвата се претставуваш како многу побожен, а дома си ладен и оддалечен од семејството или ги запоставуваш постарите родители на кои им е потребна помош и друштво. Тоа е двоен живот. И не може да се прави така, а токму тоа го правеа фарисеите.

Тој предупреди дека понекогаш дури и се волонтира и се прават некои филантропски гестови, но одвнатре негуваме омраза кон другите, ги презираме сиромашните и најмалите или се однесуваме нечесно во работата. Тоа го сведува односот со Бога на надворешни гестови, додека внатре остануваме непропустливи на очистувачкото дејство на неговата благодат, рече Папата, а создадени сме за чистота, нежност и љубов.

01 септември 2024, 22:05

Што е Ангел Господов

Ангел Господов е молитва која се моли три пати на ден во спомен на вечната Тајна на Овоплотување: во 6 часот наутро, точно напладне и навечер околу 18 часот, во моментот кога бие камбаната за Ангел Господов. Името Ангел Господов произлегува од првиот стих на молитвата – Ангел Господов ја поздрави Марија – која се состои од кратко читање на три едноставни текста кои се однесуваат на Овоплотувањето на Исус Христос и молење на три Радувај се Маријо. Оваа молитва ја моли Папата на плоштадот Свети Петар точно напладне во недела и за време на големите празници. Пред молењето на Ангел Господов, Папата има и еден мал наговор поврзан од дневните читања. Потоа следат поздрави до поклониците. Од Велигден па сѐ до Духовден, наместо Ангел Господов се моли Царице Небесна, која е молитва во спомен на Воскресението Христово, на крајот од истата се моли три пати Слава на Отецот и Синот и Светиот Дух.

Последниот Ангел Господов / Царице Небесна

Прочитајте сé >