Папата се заблагодари на Богородица за апостолското патување во Азија и Океанија
Папата Фрањо ја посети базиликата Света Марија Велика по неговото враќање во Рим за да ѝ се заблагодари на Пресвета Дева Марија за нејзината заштита во текот на неговото 12-дневно апостолско патување.
Во петок на враќање во Ватикан од аеродромот Фиумичино, папата Фрањо кратко ја посети базиликата Света Марија Велика.
Папата застана за да се помоли пред древната икона Maria Salus Populi Romani, соопшти Канцеларијата за печат на Светиот Престол.
Светиот Отец положи букет цвеќе на олтарот во Грегоријанската капела, изразувајќи ја својата благодарност за мајчинска заштита на Богородица за време на неговото 12-дневно апостолско патување во Азија и Океанија. Папата Фрањо потоа со автомобил беше пренесен во Домот Света Марта во Ватикан.
Папата ги посети Индонезија, Папуа Нова Гвинеја, Источен Тимор и Сингапур, и воедно тоа беше најдолгото патување во неговиот понтификат.
14 септември 2024, 17:17