Пребарување

Il Papa, "i migranti sono fratelli e sorelle"

Ангел Господов. Вистинската големина е во грижата за најслабите

За време на молитвата Ангел Господов, во недела 22 септември 2024 година, грижата за најмалите беше во центарот на обраќање на Папата, во кое тој се осврна на евангелието на неделната литургија.Обраќањето го пренесуваме во целост.

Драги браќа и сестри, ви посакувам пријатна недела!

Евангелието на денешната литургија (Марко 9, 30-37) ни зборува за Исус кој најавува што ќе се случи на крајот од неговиот живот: „Синот Човечки ќе биде предаден во човечки раце, и ќе Го убијат, и на третиот ден по убивањето ќе воскресне.“ (р. 31). Но, учениците, додека го следат Учителот, имаат нешто друго на нивните умови и на нивните усни. Кога Исус ги праша за што зборуваат, тие не одговараат.

Светиот Отец особено внимание посвети на тоа молчење на апостолите. Имено, тие молчеа бидејќи разговараа кој од нив е поголем. „Каков контраст со Господовите зборови! Додека Исус им ја доверуваше смислата на својот живот, тие зборуваа за моќ“, истакна Папата. Срамот „ги затвора нивните усти, како што порано гордоста им ги затвори срцата“. Меѓутоа, Исус им одговара: „Кој сака да биде прв, нека биде последен од сите, и на сите – слуга!”“ Сакаш ли да бидеш голем? Биди мал, служи на сите.

Со еден збор толку едноставен, а сепак толку решителен, Исус го обновува нашиот начин на живот. Не учи дека вистинската власт не се крие во доминацијата на најсилните, туку во грижата за најслабите. Вистинската власт се состои во грижата за најслабите, тоа е она што те прави одличен!

Затоа Учителот го повикува детето, го става среде учениците, го прегрнува и вели: „Кој прими едно такво дете во Мое име, Мене Ме прима“ (ст. 37). Детето нема моќ: тоа е во потреба. Кога се грижиме за човекот, препознаваме дека на човекот секогаш му треба живот.

Сите ние сме живи затоа што некој не прифатил, но моќта не принудува да заборавиме на таа вистина. Жив си затоа што си примен! Тогаш стануваме господари, а не слуги, а првите жртви на ова се токму последните: малите, слабите, сиромашните.

Браќа и сестри, колкумина страдаат и умираат поради борбите за власт! Тоа се животите што светот ги отфрла, како што го отфрли Исус, оние кои се исклучени и умираат... Кога беше предаден во рацете на луѓето, тој не најде прегратка, туку крст. Меѓутоа, Евангелието останува живо слово полно со надеж: Оној што беше отфрлен воскресна, Тој е Господ!

Сега, во оваа прекрасна недела, можеме да се запрашаме: дали можам да го препознаам лицето на Исус кај малите? Дали се грижам за мојот ближен, служејќи великодушно? Дали им благодарам на оние кои се грижат за мене?

Да се помолиме на Марија, да бидеме како неа, ослободени од суетата и подготвени да служиме.

23 септември 2024, 21:07

Што е Ангел Господов

Ангел Господов е молитва која се моли три пати на ден во спомен на вечната Тајна на Овоплотување: во 6 часот наутро, точно напладне и навечер околу 18 часот, во моментот кога бие камбаната за Ангел Господов. Името Ангел Господов произлегува од првиот стих на молитвата – Ангел Господов ја поздрави Марија – која се состои од кратко читање на три едноставни текста кои се однесуваат на Овоплотувањето на Исус Христос и молење на три Радувај се Маријо. Оваа молитва ја моли Папата на плоштадот Свети Петар точно напладне во недела и за време на големите празници. Пред молењето на Ангел Господов, Папата има и еден мал наговор поврзан од дневните читања. Потоа следат поздрави до поклониците. Од Велигден па сѐ до Духовден, наместо Ангел Господов се моли Царице Небесна, која е молитва во спомен на Воскресението Христово, на крајот од истата се моли три пати Слава на Отецот и Синот и Светиот Дух.

Последниот Ангел Господов / Царице Небесна

Прочитајте сé >