Пребарување

2024.09.18 Udienza Generale

Денешните аудиенции на папата Фрањо се откажани поради лесна состојба на грип

Во соопштение на Канцеларијата за печат на Светиот Престол, стои дека откажувањето на денешните обврски е од „претпазливост во пресрет на патувањето во следните неколку дена“ во Луксембург и Белгија.

Обврските на папата Фрањо закажани за денеска, 23 септември, се откажани поради благ грип - соопшти Канцеларијата за печат на Светиот Престол во соопштението за медиумите во кое се наведува: „Поради блага состојба на грип, а превентивно со оглед на патувањето во следните неколку дена, аудиенциити на Папата закажана за денес се откажани.“

Од 26 до 29 септември, апостолското патување на Папата во Луксембург и Белгија е 46-то патување во неговиот понтификат, закажано кратко по патувањето во Југоисточна Азија и Океанија.

23 септември 2024, 21:13