Пребарување

2024.01.04 Delegazione di Giovani della "Fraternité MIssionnaire des Cités"

Папата: Братствата и народните побожности се важни средства за евангелизација

Светиот Отец ја истакна важноста на католичките братства и народните побожности како моќно средство за евангелизацијиа и зачувување на христијанската вера во современиот свет.

На 29 ноември 2024 година Ватикан објави писмо во кое папата Фрањо го именува надбискупот Едгар Пења Пара, заменик за општи работи на државниот секретаријат, за свој специјален пратеник на II. Меѓународен конгрес на братства и народни побожности, кој ќе се одржи од 4 до 8 декември 2024 година во Севиља, Шпанија.

Папата Фрањо истакна дека Црквата, „која се обидува да ги просветли сите луѓе со Христовата светлина, бидејќи во Христа е таинството, односно знак и инструмент за внатрешно соединување со Бога и единство на целото човештво“ (Lumen gentium, 1), мора да продолжи да евангелизира преку братствата кои ја носат светлината, откупувањето и благодатта на Спасителот“.

„Сигурни сме дека народните побожности се делотворно средство за евангелизација и го изразува „копнежот по Бога што можат да го имаат само едноставните и сиромашните по дух“; тоа го прави човекот способен да биде великодушен и самопожртвуван до степен на херојство, особено кога станува збор за исповедање на верата“ (Evangelii nuntiandi, 48), додаде Папата.

Вториот меѓународен конгрес на братства и народни побожности, кој ќе се одржи под мотото „Ходочесници со надеж“ е посветен на 25-годишнината од првиот ваков форум, кој се одржа во 1999 година. За време на средбата се планирани платформи за дискусија и културни настани. Учесниците ќе размислуваат за улогата на братствата во пренесувањето на верата и во одговорот на духовните и општествените предизвици на денешницата.

 

02 декември 2024, 19:03