Папата ја отвори Светата врата во римскиот затвор Ребибија: Не губете надеж!
По отворањето на Светата врата во базиликата Свети Петар на Бадник, во четврток 26 декември 2024 година Фрањо ја отвори Светата врата во римскиот затвор Ребибија, а со тоа и симболично во сите затвори во светот каде затворениците ја издржуваат казната.
м оваа порака до сите вас, до сите нас, прво на себе – на сите. Не губете надеж! Надежта никогаш не разочарува. Никогаш!
Папата на повеќе начини ги повика присутните да ги отворат вратите на нивните срца.
Кога срцето е затворено, станува тврдо како камен; заборава на нежноста. Исто така, во најтешките ситуации, секој од нас има свое – полесно или потешко, мислам и на вас – но секогаш со отворено срце; затоа што срцето е тоа што нè прави браќа. Широко отворете ја вратата на срцето. Сите знаат како се направи тоа!
Тој на крајот им го честита големиот јубилеј и им посака изобилен мир, нагласувајќи дека не е фраза секој ден да се моли за сите нив и ги повика да се молат и за него.
28 декември 2024, 23:20