Пребарување

Giubileo: gruppi di pellegrini attraversano la Porta Santa

Твит на Папата: Христовото Рождество е сведоштво за Божјата љубов

Во петок 27 декември 2024 година, папата Фрањо на својот профил на социјалната мрежа Х објави кратко размислување за значењето на Рождеството Христово.

Папата Фрањо потсетува дека Рождеството Христово е сведоштво за Божјата љубов кон човештвото и неговата желба да биде близок со секој од нас. „Исус е роден токму затоа што нè сака. Ова е прекрасен дар“, нагласува Светиот Отец.

Папата истакнува дека овој празник со себе носи уште еден важен дар – можност да се сакаме како браќа и сестри. Колку многу тоа денес ни е потребно!

Светиот Отец ги повикува верниците да не го заборават вистинското значење на Божиќ и неговата главна порака – Божјата љубов кон човекот и повикот на заемна љубов меѓу луѓето, кои се особено важни во денешниот свет полн со поделби и конфликти.

28 декември 2024, 23:29