Надбискупот Кача: Да се препознае улогата на домородните млади
Домородните народи имаат право на самоопределување, кое треба да се реазлизира во согласност со меѓународното право, кое им овозможува слободен економски, социјален и културен развој – рече на 17 април 2024 година надбискупот Габриеле Кача, постојан набљудувач на Светиот Престол во ОН, на 23-та сесија на Постојаниот форум на Обединетите нации за прашања на домородните народи. Притоа, тој посебно се осврна на домородните млади.
Чувари на нивната култура
Надбискупот Кача повтори дека е важно да се препознае улогата на домородните млади, бидејќи тие се сегашни и идни чувари на нивната култура и носители на нивното културно наследство, традиција и јазик, за да можат да придонесат за зачувување на различните начини на животот на нивните заедници.
Дијалог меѓу државата и домородното население
Мост меѓу генерациите - додаде и истакна постојаниот набљудувач - младите староседелци се распоредени и на линијата на фронтот во заштита на наследеното земјиште, природните ресурси и екосистемите. Надбискупопт Кача затоа поттикна важен дијалог меѓу државите и домородното население; дијалог кој промовира култура на средба, наспроти затворениот, аисториски и статичен живот на домородното население.