Пребарување

2024.08.07   I doni del Papa per l'Ucraina inviati tramite l'Elemosineria Apostolica

Папскиот милостинар ја надгледува новата пратка на храна и лекови за Украина

Камиони натоварени со облека, лекови и храна - особено туна - тргнаа за Украина од украинската базилика Света Софија во Рим. Пратката и дистрибуцијата ја надгледува кардинал Крајевски, Папскиот милостинар.

И во текот на летото, продолжуваат добротворните напори на Папата за Украина, земја, која ја опиша како „маченичка“.

Како и претходните месеци, камионите тргнаа во среда, на 7 август 2024 година, од украинската базилика Света Софија во Рим.

Помошта се состои од основни материјали, како што се храна, облека и лекови, за погоденото население во Украина. Пратката вклучува кутии со туна, конзервирана храна.

Кардиналот Конрад Крајевски, префектот на Дикастеријата за служење на милосрдието, познат како Папски милостинар, ја надгледува пратката и дистрибуцијата во Украина.

Ова дело на милосрдие ја потврдува солидарноста на Папата со Украина, земја за која на Генералната аудиенција во среда исто така побара да се моли и да се даде поддршка од сите верници.

08 август 2024, 09:20