Пребарување

2022.06.28 Presentazione Logo Giubileo MMXXV

Надбискупот Физикела до ѓаконите: „Кажете му на светот за надежта што не разочарува“

„За да се прифати предизвикот на евангелизацијата во наше време, неопходно е да се знае како да се облече јазикот на верата во облеката на надежта. Овој јубилеј станува среќна можност тоа да се случи“, рече монс. Физикела објавувајќи им го на учесниците датумот за Јубилејот на ѓаконите кој ќе се одржи од 21 до 23 февруари следната година.

Пропрефектот на Дикастеријата за евангелизација монс. Рино Физикела зборуваше во Асизи пред повеќе од 200 ѓакони на 29-та Национална конференција на Заедницата на ѓаконите во Италија, која се одржа од 5 до 8 август.

Осврнувајќи се на темата на конференцијата „Ѓакони, пророци и сејачи на надежта“, надбискупот Физикела најпрво се фокусираше на терминот „пророштво“, „исполнет со големо значење и способен најдобро да ја објасни службата на која ѓаконите се повикани да ја вршат во Јубилејот на надежта“, бидејќи тие се способни да „зборуваат во срцето и да го означат патот што треба да се следи за целосно да се сфати значењето на живата вера“. Зборувајќи за надежта, тој рече дека во моментов „научниот напредок и технологијата ги исполнуваат нашите секојдневни говори со надежи кои ги правиме свои, но кои, за жал, лесно можат да доведат до разочарување, бидејќи се судираат со неможноста да бидат остварени“.

Пропрефектот на Дикастеријата за евангелизација потоа потсети на Булата за прогласувањето на Светата година 2025, Spes non confundit (Надежта не разочарува). „Разочарувањето кое следува после секоја неостварена илузија станува корисна и неопходна алатка за насочување на нашиот поглед кон она што навистина нуди надеж, сфатено како слободен повик што започнува од Божјите објави“, порача пропрефектот Физикела.

Тој додаде дека, произлегувајќи од назнаките и повиците содржани во Булата, се наидува на определба за христијанско сведочење кое воопшто не е секундарно и рече дека евангелизацијата во тој случај првенствено не претпоставува вера и љубов, туку раѓа надеж преку првите навестувања.

„За да се прифати предизвикот за евангелизацијата во наше време, неопходно е да се знае како да се облече јазикот на верата во облеката на надежта. Овој јубилеј станува среќна можност тоа да се случи“, заклучи монс. Физикела запознавајќи ги учесниците со датумот за Јубилејот на ѓаконите кој ќе се одржи од 21 до 23 февруари следната година.

12 август 2024, 22:36