Апостолскиот нунциј во Македонија монсињор Суријани се сретна со министерот Муцунски
Во среда 21 август 2024 година Апостолскиот нунциј во Македонија, монсињор Лучано Суриани во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија на Македонија се сретна со министерот Тимчо Муцунски.
На средбата соговорниците изразија взаемно задоволство од успешниот развој на билатералните односи, засновани врз значајни историски врски, споделени културни вредности и заеднички духовни традиции.
Во фокус на разговорите беше перспективата на меѓусебните односи и потребата од интензивирање на секторската соработка, посебно во сферата на културата, заштитата на културно-историското наследство, образованието и здравството.
Апостолскиот нунциј во Македонија, монсињор Суриани, изрази уверување дека и во иднина со заеднички напори ќе продолжи да се поттикнува дијалогот, да се унапредува почитувањето на религиските слободи и да се градат нови мостови на разбирање во духот на универзалните верски традиции.
Од своја страна министерот Муцунски ја нагласи улогата на Македонија во промовирањето на меѓурелигискиот дијалог и почитувањето на верските слободи и се заблагодари за поддршката од Ватикан на патот кон Европската унија, која е од особено значење за Македонија.