Соопштение од верските заедници наведени во Уставот
СООПШТЕНИЕ
Живеењето во мултикултурно општество е голема благодат. Средбата на разнообразни култури носи можност за облагородување на духот на човекот и за зголемување на креативноста на целото општество.
Бог ни дал да живееме во една, заедничка држава. Затоа ние, поглаварите на Македонската православна црква ‒ Охридска архиепископија, Исламската верска заедница, Католичката црква, Евангелско-методистичката црква и Еврејската заедница, ги повикуваме сите македонски граѓани да не потклекнат пред некои обиди за нарушување на соживотот, туку сите заедно да продолжиме да ја продлабочуваме меѓусебната солидарност и да ја запазуваме почитта едни кон други, кон државните симболи на нашата Татковина и кон симболите на сите етнички заедници во неа.
Скопје, 2.12.2024 г.
Архиепископ Охридски и Македонски
СТЕФАН
Реис-ул-улема
ШАЌИР ЕФЕНДИ ФЕТАХУ
Скопски Бискуп и Епарх Струмичко-скопски
КИРО СТОЈАНОВ
Суперинтендент на Евангелистичко-методистичка црква
МАРЈАН ДИМОВ
Претседател на Еврејската заедница
ПЕПО ЛЕВИ