Il Papa, Mediterraneo culla civilt�,non sia tomba o luogo guerre

Сетете се на вашите браќа и сестри од Украина

По Генералната аудиенција на плоштадот Свети Петар, папата Фрањо го упати најновиот апел за напатениот украински народ

Сетете се на вашите браќа и сестри од Украина, кои беа принудени да ја напуштат својата татковина разурната од војна, кои бараат помош, засолниште и добра волја...

Ова е најновиот апел на папата Фрањо по Генералната аудиенција одржана во средата на 27 септември 2023 година на плоштадот Свети Петар, апелира до верниците кои зборуваат полски да продолжат да ги поддржуваат своите украински соседи кои се принудени да побегнат од војната.

Папата пред да го подели неговиот апостолски благослов ги повика полските ходочасници да им посакаат добредојде како за Христос.

Од почетокот на војната во Украина во февруари 2022 година, Светиот Отец упати безброј апели за помош на напатениот украински народ, за прекин на војната и за воспоставување мир.

Во поздравот до ходочасниците кои зборуваат италијански, папата Фрањо го истакна споменденот што го празнува Црквата: Денешниот литургиски споменден Свети Винко Павелски потсетува на централноста на љубовта кон ближниот. Ги повикувам сите да негуваат став на внимание кон другите и отвореност кон оние кои имаат потреба од вас.

28 септември 2023, 16:22

Последни Ауденции

Прочитајте сé >