Пребарување

2024.11.27 Udienza Generale

Папата повторно повика на солидарност и молитва за Украина и Светата Земја

На крајот од Генералната аудиенција, папата Фрањо ги насочи своите мисли кон напатениот народ на Украина, кој ќе преживее тешка зима поради прекинот на снабдувањето со електрична енергија предизвикан од руските напади. Папата ги поттикна децата, почнувајќи од оние од колеџот Сен Мишел де Батињолс во Париз кои седеа до него, да се молат за своите врсници. Потоа повика на мир на Блискиот Исток, каде луѓето толку многу страдаат, и најави дека од среда катехезата ќе биде преведувана и на кинески

Папата Фрањо, во среда, на 27 ноември 2024 година, повторно ги насочи своите мисли кон Украина и Светата Земја, каде – како што рече пред неколку дена – се случи „неуспех на човештвото“ На крајот од Генералната аудиенција, Папата ги поздрави сите верници присутни на плоштадот Свети Петар: младите, монахињите, свештениците, брачните парови, ходочесниците. Лицето му беше насмеано, но го промени кога ја спомна Украина, на која и претстои тешка зима поради прекинот на снабдувањето со електрична енергија. и блокирани електрични мрежи предизвикани од руските напади.

Да не заборавиме на напатениот украински народ, кој многу страда…

Молитва за украинските деца и млади

Папата притоа им се обрати на децата кои седеа до него за време на целата аудиенција. Тие се ученици на колеџот Сен Мишел де Батињолс во Париз, на возраст од 12 до 13 години, кои се подготвуваат за миропомазание.

Вие, деца, млади, мислите на украинските деца и младите кои страдаат во ова време без греење и во многу сурова зима. Молете се за украинските деца; не заборавајте – им порача Папата, но повикот беше и до сите присутни млади на плоштадот и оние кои се поврзани преку стриминг.

Мир во Светата Земја

Со иста грижа и исто внимание, Папата поттикна na молитва за Светата Земја, од каде што доаѓаат трошки надеж откако Израел објави примирје со Хезболах во Либан, иако во очите на многумина ова не изгледа како чекор кон мирот, ниту пак дека води до прекин на огнот во Газа. Поради оваа причина, Светиот Отец повторно поттикна на молитва за да се врати мирот во Исусовата земја.

Да молиме за мир во Светата Земја, Назарет, Палестина, Израел, нека има мир, нека има мир… Луѓето многу страдаат. Сите заедно да молиме за мир.

Радоста на Евангелието во свет потонат во тага

И во поздравот до полските ходочесници, Папата ги поттикна сите верници да бидат милосрдни и миротворци, поддржувајќи ги оние кои страдаат поради војните, а особено Украинците додека се соочуваат со зимата. Ќе биде тешка зима за Украина – истакна Папата. Исто така, изрази посебно охрабрување во поздравот до француските верници: „Во нашиот свет потонат во тагата на војните и повеќекратните кризи, да ја навестиме радоста на Евангелието преку нашите животи преобразени од Божјото присуство“.

Превод на катехезата на Генералната аудиенција и на кинески јазик

Со видлива радост, Светиот Отец потоа најави дека од следната среда до пошироката публика ќе стигне нешто ново: за прв пат преводот на катехезата ќе биде и на кинески. Ова е начин зборовите на Римскиот бискуп да стигнат до верниците од земјата која папата Фрањо отсекогаш ја дефинирал како „благородна“.

 

29 ноември 2024, 11:01

Последни Ауденции

Прочитајте сé >