Пребарување

At least one dead in attack on Italian church in Istanbul

Папата го осуди нападот на Католичката црква во Истанбул

Папата Фрањо во недела на 28 јануари 2024 година го осуди нападот врз Католичката црква во Истанбул. Апостолскиот викар од Истанбул и Апостолски администратор на Цариград, бискупот Масимилијано Палинуро, апелираше до властите да ги истражат причините за нападите, кои изгледа дека укажуваат на верска нетрпеливост.

Папата Фрањо, обраќајќи им се на верниците на плоштадот Свети Петар по молитвата Ангел Господов, го осуди нападот на вооружените напаѓачи врз католичката црква во Истанбул за време на неделната света Литургија, Турција, во кој загина најмалку едно лице.

Изразувам сочувство, рече Папата, до заедницата на црквата Света Марија Драперис во Истанбул, која претрпе вооружен напад за време на светата Литургија во кој едно лице загина, а неколку се повредени.

Во изјава за Vatican News, Апостолскиот викар на Истанбул и Апостолски администратор на Цариград, бискупот Масимилијано Палинуро, ја коментираше трагичната серија настани, апелирајќи до властите да ги истражат причините за нападите, за кои рече дека укажуваат на верска нетрпеливост.

Конкретните мотиви, изјави Апостолскиот викар за ватиканските медиуми, сѐ уште се непознати и треба да се проверат.

Некои елемнти укажуваат на верски мотивиран напад, мотив на верска нетрпеливост, рече бискупот Палинуро.

28 јануари 2024, 18:50

Што е Ангел Господов

Ангел Господов е молитва која се моли три пати на ден во спомен на вечната Тајна на Овоплотување: во 6 часот наутро, точно напладне и навечер околу 18 часот, во моментот кога бие камбаната за Ангел Господов. Името Ангел Господов произлегува од првиот стих на молитвата – Ангел Господов ја поздрави Марија – која се состои од кратко читање на три едноставни текста кои се однесуваат на Овоплотувањето на Исус Христос и молење на три Радувај се Маријо. Оваа молитва ја моли Папата на плоштадот Свети Петар точно напладне во недела и за време на големите празници. Пред молењето на Ангел Господов, Папата има и еден мал наговор поврзан од дневните читања. Потоа следат поздрави до поклониците. Од Велигден па сѐ до Духовден, наместо Ангел Господов се моли Царице Небесна, која е молитва во спомен на Воскресението Христово, на крајот од истата се моли три пати Слава на Отецот и Синот и Светиот Дух.

Последниот Ангел Господов / Царице Небесна

Прочитајте сé >