UKRAINE-RUSSIA-CONFLICT-WAR

Папата потсети на војните во Украина и на Блискиот Исток

Скоро две години по почетокот на војната, папата Фрањо на Генералната аудиенција во среда 7 февруари 2024 година уште еднаш потсети на луѓето во Украина: „Да не ги заборавиме војните.“

Да не ги заборавиме војните. Да не заборавиме на напатената Украина, Палестина, Израел, Рохинџите и многу, многу војни кои се насекаде. Да молиме за мир. Војната е секогаш пораз. Секогаш. Да молиме за мир. Ни треба мир. На крајот мислам и на младите, болните, постарите и младенците. Богородица Лурдска, чијшто празник го славиме во недела, нека ве придружува со мајчинска нежност на вашиот пат. На сите го поделувам мојот благослов – рече папата Фрањо.

07 февруари 2024, 15:31

Последни Ауденции

Прочитајте сé >