Pope Francis' Angelus prayer for the Solemnity of the Assumption of the Blessed Virgin Mary in the Vatican

Папата: Марија не е неподвижна статуа туку сестра која оди пред нас на патот

Папата во своето пладневно обраќање на празникот Вознесение на Пресвета Богородица, 15 август 2024 година, ги поттикна верниците да го насочат погледот кон Богородица која секогаш го следи Исус. Богородица, рече Папата, нека ни помогне да одиме на средба со Господ. Ви го пренесуваме целосниот превод на обраќањето на Папата пред и по молитвата Ангел Господов.

Папата во своето пладневно обраќање на празникот Вознесение на Пресвета Богородица, 15 август 2024 година, ги поттикна верниците да го насочат погледот кон Богородица која секогаш го следи Исус. Богородица, рече Папата, нека ни помогне да одиме на средба со Господ. Ви го пренесуваме целосниот превод на обраќањето на Папата пред и по молитвата Ангел Господов.

ПАПА ФРАЊО
АНГЕЛ ГОСПОДОВ
Плоштад Свети Петар
на празникот Вознесение на Пресвета Богородица, 15 август 2024 година

Драги браќа и сестри, добар ден!

Денеска го празнуваме празникот Вознесение на Пресвета Богородица и во евангелието наменето за Литургија слушаме за една млада девојка од Назарет која штотуку го прими навестувањето на ангелот и поаѓа да ја посети својата роднина Елисавета.

Прекрасен е тој израз од Евангелието: „набргу“ (Лукак 1,39). Тоа значи дека Марија не ја смета за привилегија веста што ја добила од ангелот, туку, напротив, ја напушта куќата и оди на пат, со брзање сакајќи да ја соопшти оваа радост на другите и со внимателна грижа, да на располагање на нејзината роднина. Тоа прво патување, всушност, е метафора за целиот нејзин живот, бидејќи од тој момент Марија секогаш ќе биде на пат по Исус, како ученичка на Царството. И, на крајот, нејзиното земно ходочестие завршува со со вознесение на небото, каде заедно со нејзинот Син засекогаш ужива во радоста на вечниот живот.

Браќа и сестри, Марија не смееме да ја замислуваме „како неподвижна восочна статуа“, туку во неа можеме да видиме „сестра… со излитени сандали… и со голем умор во нозете“ (C. CARRETTO, Beata te che hai creduto, Рим 1983, стр. 13), затоа што одеше по Господ и во пресрет на браќата, а потоа го заврши својот пат во слава на небото. На тој начин, Светата Дева е таа што ни претходи – ни претходи Марија – на тој пат, потсетувајќи нè сите дека и нашиот живот е постојано патување кон хоризонтот на последната средба. Да ја молиме Богородица да ни помогне на ова патување кон средба со Господ.

По Ангел Господов

Драги браќа и сестри,

На Марија, царицата на мирот, која денес ја гледаме во слава на небото, би сакал уште еднаш да и ги доверам грижите и болките на населението кое страда во многу делови од светот поради општествените тензии и војни. Тука особено мислам на напатената Украина, Блискиот Исток, Палестина, Израел, Судан и Мјанмар. Нашата небесна Мајка нека моли за утеха за сите и иднина во мир и хармонија!

Продолжувам со загриженост да ја следам многу сериозната хуманитарна ситуација во Газа и уште еднаш барам прекин на огнот на сите фронтови, ослободување на заложниците и помош на исцрпеното население. Ги охрабрувам сите да направат се за да не се прошири конфликтот и да почнат преговори за да заврши поскоро оваа трагедија. Да не заборавиме: војната е пораз.

Моите мисли сега се свртени кон Грција, која во последните денови се справува со многу сериозен пожар, кој се разви североисточно од Атина. Десетици илјади се веќе евакуирани, многу семејства останаа без покрив над главата, илјадници луѓе се соочуваат со страшни неволји, а покрај огромните материјални штети се создава и еколошка катастрофа. Се молам за жртвите и повредените, ветувам близина со погодените од овој тежок настан, верувајќи дека ќе бидат помоганти со заедничка солидарност.

И ве поздравувам сите вас, римјани и ходочесници од различни земји, особено извидниците на AGESCI од Корнедо Вичентино и децата на Безгрешната. Ви благодарам за вашето присуство; Ви посакувам среќен празник Голема Богородица и ве молам, браќа и сестри, не заборавајте да се молите за мене. Добар апетит и пријатно!

17 август 2024, 15:43

Последни Ауденции

Прочитајте сé >