Пребарување

2024.12.26 Angelus

Папата: Престанете да ги колонизирате народите со оружје!

Поздравувајќи ги верниците по молитвата Ангел Господо, на денот кога се празнува спомен-денот на свети Стефан, Папата побара да се работи на разоружување, против гладот, болестите и детската работа. Молеше за мир во светот и испрати поздрав до Евреите кои го слават празникот Ханука, празникот на светлината и до ходочесниците кои минуваат низ Светата врата: Прекрасен знак кој го изразува одењето кон Исус кој ни дозволува да влеземе во неговата Царство на љубовта, радоста и мирот

По молитвата Ангел Господов во четврток 26 декември 2024 година, на празникот свети првомаченик Стефан, папата Фрањо се помоли мирот да дојде кај најстраданите места во светот, кои страдаат поради војна, а потоа изрази надежт дека јубилејот ќе им помогне на земјите угнетени од сиромаштво да доживеат развој. Покрај тоа, Папата му се заблагодари на светот за добрите желби што ги доби во последните денови и повторно ги спомена оние на кои им е потребна поддршка и мир.

Простување на долговите

Истиот ден кога претпладнето ја отвори „првата света врата по онаа на Свети Петар“, односно Светата врата во римскиот затвор Ребибија, наречен „катедрала на болката и надежта“, Папата потсети дека една од акцијата за одбележување на јубилејот е простување на долговите. Затоа ги охрабри верниците да ги поддржат активностите на Меѓународниот Каритас во оваа смисла со поддршка на акцијата „Долгот претвори го во надеж“. Целта на иницијативата е да се олеснат земјите оптоварени со неодржливи долгови и да се промовира развојот.

Прашањето за долгот е поврзано со прашањето на мирот и „црниот пазар“ на оружје. Престанете да ги колонизирате народите со оружје! Да работиме на разоружување, да се бориме против гладот, против болестите, против детската работа. И да молиме, ве молам, за мир во целиот свет! Мир во напатената Украина, во Газа, Израел, Мјанмар, Северен Киву и многу земји кои се во војна.

Поздрав до Евреите кои го слават Ханука

Светиот Отец потоа упати желба за мир и братство до браќата и сестрите Евреи во светот кои од синоќа осум дена го слават Ханука, празникот на светлината, а упати и поздрав до Римјаните и ходочесниците од Италија и други земји, кои го поминаа јубилејниот пат кој води до базиликата Свети Петар и Света врата. Тоа е убав знак кој ја изразува смислата на нашиот живот: да се сретнеме со Исус кој нè љуби и ни го отвора своето тело за да нè води во неговото Царство на љубовта, радоста и мирот – рече Папата.

28 декември 2024, 23:26

Што е Ангел Господов

Ангел Господов е молитва која се моли три пати на ден во спомен на вечната Тајна на Овоплотување: во 6 часот наутро, точно напладне и навечер околу 18 часот, во моментот кога бие камбаната за Ангел Господов. Името Ангел Господов произлегува од првиот стих на молитвата – Ангел Господов ја поздрави Марија – која се состои од кратко читање на три едноставни текста кои се однесуваат на Овоплотувањето на Исус Христос и молење на три Радувај се Маријо. Оваа молитва ја моли Папата на плоштадот Свети Петар точно напладне во недела и за време на големите празници. Пред молењето на Ангел Господов, Папата има и еден мал наговор поврзан од дневните читања. Потоа следат поздрави до поклониците. Од Велигден па сѐ до Духовден, наместо Ангел Господов се моли Царице Небесна, која е молитва во спомен на Воскресението Христово, на крајот од истата се моли три пати Слава на Отецот и Синот и Светиот Дух.

Последниот Ангел Господов / Царице Небесна

Прочитајте сé >