Генерална аудиенција: Господ има своја „математика“ различна од нашата
Осврнувајќи се најпрво на зависта, Папата во својата катехеза истакна дека тоа е еден од „најстарите гревови“ и потсети на приказната за Каин и Авел. „Лицето на завидливиот е секогаш тажно: погледот му е свртен надолу, изгледа дека постојано гледа во земјата, но всушност ништо не гледа, бидејќи во неговата глава се вртат мисли полни со злоба. „Зависта, ако не се заузда, води кон омраза кон другите“, предупреди Светиот Отец.
Како што прочита монс. Чампанели: „Зависта е зло што е предмет на проучување не само во христијанството: таа го привлекувала вниманието на филозофите и научниците од сите култури. Во позадината се крие однос на омраза и љубов: на друг му посакуваме зло, но потајно сакаме да бидеме како него. Второто е епифанија на она што би сакале да бидеме, но што не сме. Неговата среќа се доживува како неправда: сигурно – мислиме – многу повеќе ги заслуживме неговите успеси и неговата среќа во животот! Во коренот на овој грев е погрешната слика за Бога: не е прифатено дека Бог има своја „математика“, различна од нашата.
Рака под рака со злиот дух на зависта оди гордоста, која е „надуено и неосновано самољубие“, нагласиа Папата. Односите на горделивите се „секогаш целисходни, се карактеризираат со угнетување на другите. Неговата личност, неговите заложби, неговите успеси мора да се покажат на сите: тој е вечно гладен за внимание“.
Најубавото упатство како да се победи горделивоста се наоѓа во сведочењето на свети Павле, истакнува Папата во својата катехеза. Апостолот секогаш морал да се справува со мана што никогаш не можел да ја победи. Тој трипати го молел Господа да го ослободи од тој трн, но на крајот Исус му одговорил: „Доста ти е Мојата благодат, бидејќи Мојата сила наполно се покажува во слабоста.“ Од тој ден Павле бил ослободен. И неговиот заклучок треба да стане и наш: „ Затоа со многу поголема радост ќе се фалам со своите немоќи, за да се весели во мене силата Христова. “ (2 Кор 12,9).
На крајот од аудиенцијата, Папата повика на молитва за Буркина Фасо и Хаити, а да не заборавиме на Украина, Палестина и Израел и на сите кои страдаат поради војната.
Поздравувајќи ги ходочесниците кои зборуваат италијански, Папата потсети дека на 1 март ќе биде 25-годишнина од стапувањето во сила на Конвенцијата за забрана на противпешадиски нагазни мини. Тој ја изрази својата близина со бројните жртви на овие „подмолни средства“, кои потсетуваат на „драматичната суровост на војните“. Тој, исто така, им се заблагодари на сите кои им помагаат на настраданите и работат на чистење на загадените области.