Папата упати апел за мир во Блискиот Исток
повторувам мојот апел до сите вклучени страни да не ескалира конфликтот и итно да прекинат со огнот на сите фронтови, почнувајќи од Газа, каде што хуманитарната ситуација е исклучително тешка и неодржлива. Се молам искрената потрага по мир да ги згасне расправиите, љубовта да ја победи омразата и одмаздата да се разоружа со простување, рече Папата во својот апел на редовната генерална аудиенција во среда.
Светиот Отец, исто така, ги повика верниците да се придружат на неговата „молитва за измачената Украина, Мјанмар, Судан: ова население, кое е изложено на многу тешко искушение на војната, брзо нека го пронајде толку посакуваниот мир“.
Да ги обединиме нашите напори и молитви за отстранување на етничката дискриминација во регионите на Пакистан и Авганистан, особено дискриминацијата на жените, додаде на крајот Папата.