Пребарување

UKRAINE RUSSIA CONFLICT

Папата: Светот е поделен, да молиме за мир и да го носиме на другите

На крајот од генералната аудиенција, Папата уште еднаш ги поттикна верниците да мислат на напатената Украина, која толку многу страда, на Мјанмар, Јужен Судан и Северен Киву: „И да не ги заборавиме Палестина и Израел: нека има мир"

На крајот од генералната аудиенција во среда 21 август 2024 година, папата Фрањо, загрижен за многубројните конфликти во светот, уште еднаш упати силен апел за мир. Откако ги поздрави италијанските ходочесници, ги охрабри сите верници да не ја заборават напатената Украина, која толку многу страда, како и земјите во кои се уште траат борбите.

Да не ги заборавиме Мјанмар, Јужен Судан, Северен Киву и бројните земји кои се во војна. Да молиме за мир. И да не ги заборавиме Палестина и Израел; нека има мир таму.

Потребни се плодови на Духот

Светиот Отец повикувајќи на мир, ги поздрави верниците од полското јазично подрачје, присутни во салата Павле VI, и истакна дека денес многу се потребни плодовите на Духот во различни општествени димензии.

Нашиот свет, обележан со војни и поделби, има потреба од плодовите на Светиот Дух повеќе од кога било. Почнувајќи од вашите семејства и вашата работна средина, внесете љубов, мир и добрина во вашиот секојдневен живот.

На крајот, спомнувајќи го ходочестието во Јасна Гора на кое пешачеа многу верници во изминатите недели, папата Фрањо посака молитвите на верниците, со посредство на Марија, да му го дадат на светот толку посакуваниот мир.

21 август 2024, 21:25

Последни Ауденции

Прочитајте сé >