Пребарување

Pope Francis leads the Angelus prayer from his window, at the Vatican

Ангел Господов: Господ внесува светлина во нашето срце и нашиот

Во пладневното обраќање пред молитвата Ангел Гопсодов на празникот Христос Цар, 24 ноември 2024 година, Папата потсети дека гласот на Исус, кој стана слуга на сите, е гласот на вистината и дека никогаш не се заморува да простува; нè чека дури и ако нашата душа е оптоварена со грев

„Цар“ и „свет“ во човечката логика се два збора поврзани со моќ и слава, но кај Исус нивното значење е обратно, станувајќи израз на вистината и љубовта што дава мир и правда, рече папата Фрањо во своето пладневно обраќање на 24 ноември, на празникот Христос Цар, толкувајќи го Евангелието од неделната Литургија, во кое Исус е пред Понтиј Пилат.

Слушањето на Господ внесува светлина во нашето срце и живот. Затоа, да се запрашаме: Можам ли да кажам дека Исус е мојот „цар“? Или, дали имам во моето срце други „цареви“? Во која смисла? Дали Неговото Слово е мојот водич, моја сигурност? Го гледам ли во Него милосрдното лице на Бога кој секогаш простува, кој секогаш чека за да ни го даде неговото простување?

Царот на вистината

Осврнувајќи се на дијалогот помеѓу Пилат и Исус, Светиот Отец зборуваше за новото значење на зборот „цар“. Пилат сакаше да сфати дали човекот пред него претставува закана, а царот за него е авторитет кој им заповеда на сите свои поданици.

Исус е цар затоа што е сведок: Тој е оној што ја зборува вистина. Царската власт на Исус, воплотеното Слово, е во Неговото вистинито и делотворно Слово кое го преобразува светот.

Нов свет во кој Исус секогаш простува

Светот на Понтиј Пилат е свет што добро го познаваме – рече Папата – во него силните ги победуваат слабите, богатите сиромашните, а насилните благите. Светот, чиј Цар е Исус, го откупува созданието уништено од злото, со силата на Божјата љубов. Исус го спасува созданието затоа што Исус ослободува и Исус простува, Исус дава мир и праведност.

„Но, дали тоа е вистина, оче?“ – „Да“. Каква ти е душата? Имаш ли некое бреме во неа? Некој стар грев? Исус секогаш простува. Исус никогаш не се уморува од простување. Тоа е Исусовото Царство. Ако во тебе има нешто лошо, побарај простување. И Тој секогаш простува.

Исусовиот глас

Пилат не се отвора за вистината – објасни Папата – ќе го осуди и распне Исус, и ќе нареди да се напише на крстот: „Цар Јудејски“ (Иван 19,19), но не ја разбира суштината на тие зборови.

Сепак, Христос дојде на светот, на овој наш свет: секој кој е од вистината, го слуша Неговото слово. Тоа е гласот на Царот на сè што е создадено, кој нè спасува.

 

24 ноември 2024, 21:46

Последни Ауденции

Прочитајте сé >