Пребарување

Palestinians flee their houses after they were ordered by the Israeli army to evacuate the area in Bureij

Сирија, Газа, Украина, пустина на мртви

Обраќајќи им се на верниците по молитвата Ангел Господов, папата Фрањо го спомена свети Стефан, првиот христијански маченик и на негово застапништво ги довери од војна измачените народи. Потоа ја изрази својата близина со христијанските заедници кои страдаат поради дискриминација и ги охрабри сите верници да дозволат да бидат допрени од восхитот на Исусовото раѓање кој станува обожување.

Народот сака мир, да молиме за мир, да се бориме за мир. Во обраќањето на крајот од пладневното обраќање во вторник 26 декември 2023 година, посветена на свети Стефан првомаченик, папата Фрањо упати силен апел до сите народи кои страдаат од насилство.

На застапништвото на првомаченикот го доверувам и повикот за мир на народите измачени од војна. Медиумите ни покажуваат што произведува војната: ја видовме Сирија, ја гледаме Газа. Мислиме на напатената Украина. Пустина на смртта. Дали тоа се посакува? Народот сака мир. Да молиме за мир. Да се бориме за мир.

Близина со дискриминираните христијани

Во знак на сведоштвото на свети Стефан, Римскиот епископ потоа ја изрази својата близина со христијанските заедници кои поднесуваат дискриминација. Ги охрабрувам да истраат во милосрдието кон сите, борејќи се по мирен пат за правда и верска слобода.

Восхит кој станува обожување

Заблагодарувајќи им се на сите кои во изминатите денови му испратија пораки со добри желби и молитви, ги поздрави верниците собрани на плоштадот Свети Петар, поттикнувајќи ги да застанат пред божиќната пештера вдахновени од она што свети Фрањо го направи во Гречио пред 800 години и восхитувајте се на Исуовото раѓање.

Гледајќи ги статуите, ќе видите заедничка карактеристика на нивните лица и ставови: восхит. Ќе видите восхит што станува обожување. Да се восхитуваме на Господовото раѓање. Посакувам тоа да го задржите во себе: восхит кој станува обожување.

27 декември 2023, 16:45

Што е Ангел Господов

Ангел Господов е молитва која се моли три пати на ден во спомен на вечната Тајна на Овоплотување: во 6 часот наутро, точно напладне и навечер околу 18 часот, во моментот кога бие камбаната за Ангел Господов. Името Ангел Господов произлегува од првиот стих на молитвата – Ангел Господов ја поздрави Марија – која се состои од кратко читање на три едноставни текста кои се однесуваат на Овоплотувањето на Исус Христос и молење на три Радувај се Маријо. Оваа молитва ја моли Папата на плоштадот Свети Петар точно напладне во недела и за време на големите празници. Пред молењето на Ангел Господов, Папата има и еден мал наговор поврзан од дневните читања. Потоа следат поздрави до поклониците. Од Велигден па сѐ до Духовден, наместо Ангел Господов се моли Царице Небесна, која е молитва во спомен на Воскресението Христово, на крајот од истата се моли три пати Слава на Отецот и Синот и Светиот Дух.

Последниот Ангел Господов / Царице Небесна

Прочитајте сé >